Layla and Other Assorted Love Songs

албум од Derek and the Dominos

Layla and Other Assorted Love Songs е блуз-рок албум од групата „Derek and the Dominos“ издаден во ноември 1970, најдобро познат по истоимената песна, „Layla“. Албумот често се смета како најголемо музичко достигнување на Ерик Клептон во соработка со Боби Витлок (клавијатура и вокали), Џим Гордон (тапани), Карл Ридли (бас гитара) и специјалниот гостин Дјуен Алман на водечка и слајд гитара.

Layla and Other Assorted Love Songs
Студиски албум од Derek and the Dominos
Издаденноември 1970
Снименавгуст–септември 1970, во „Criteria Studios“, Мајами
ЖанрБлуз рок
Траење77:16
Издавачка куќа„Polydor Records“
Atco Records
ПродуцентТом Дод
Derek and the Dominos — Хронологија
Layla and Other Assorted Love Songs
(ноември 1970)
In Concert
(1973)
 Професионални оценки
Прегледни резултати
Извор Оценка
Allmusic 5/5 ѕвездички[1]
Роберт Кристго A+[2]
Circus фаворизиран[3]
Down Beat 5/5 ѕвездички[4]
The Independent 5/5 ѕвездички[5]
Q 5/5 ѕвездички[6]
Rolling Stone фаворизиран 1970[7]
Rolling Stone 5/5 ѕвездички 2005[8]
Uncut 4/5 ѕвездички[9]
Yahoo! Music фаворизиран[10]

„Layla and Other Assorted Love Songs“ го зафати шеснаесеттото место на листата „Billboard's Pop Albums“ и е сертифициран со злато од страна на „RIAA“.[11] Албумот и во наредните години се појавувал на листата „Billboard 200“ и тоа во 1972, 1974 и во 1977. Никогаш не бил рангиран на листите во Британија.[12]

Во 2003, телевизиската мрежа „VH1“ го рангираше албумот на #89 на нивниот список на најдобри албуми на сите времиња. Во 2003 албумот беше сместен на 115 место во списокот на „500 најдобри албуми на сите времиња“ на магазинот „Rolling Stone“.[11]

Заднина

уреди

Краткотрајната соработка која го создаваше албумот „Layla and Other Assorted Love Songs“, групата „Derek and the Dominos“, произлезе поради фрустрациите на Ерик Клептон поврзани со супергрупитеCream“ и „Blind Faith“. По недоразбирањата Клептон и се придружи на „Delaney and Bonnie and Friends“ кои ги извести за неговото доаѓање кога тие гостуваа на британската турнеја на „Blind Faith“.

Откако и овој бенд се растури, Боби Витлок се спријатели со Клептон поради што поминаа неколку месеци кои ги потрошија пишувајќи песни -„Колку да се има нешто за да се свири“, рече Витлок. Подоцна овие песни ќе заземат голем дел од материјалот на „Layla and Other Assorted Love Songs“.

По турнејата со Џо Кокер, уште некои од членовите на „Delaney and Bonnie“ му се придружија на Клептон. Тој се обидуваше да го избегне центарот на вниманието криејќи се анонимно под „Derek and the Dominos“. Името на групата, наводно, произлегува од еден гаф направен од страна на водителот на нивниот прв концерт кој не сакајќи го помешал привременото име „Eric & The Dynamos“ со „Derek & The Dominos“. Всушност Клептон го избрал името бидејќи не сакал неговото име и славата да ги стекне со одржување на бенд имиџ. Кога турнејата заврши тие се упатиле во „Criteria Studios“ во Мајами за да снимат албум. Во ова време не се ни претпоставувало името „Layla“ да се содржи во насловот, па дури тоа не постоело во нивната замисла. Изворот на тоа име е вкорен во персоналниот живот на Клептон каде што тој се заљубил во Пети Боид, жената на неговиот пријател Џорџ Харисон. Ни хероинот, кој Клептон во тоа време почнал да го користи, не успеал да ја стабилизира болката. Дејв Марш, во „The Rolling Stone Illustrated History of Rock and Roll“ напишал:[13]

Ретки се моментите во репертоарот на рок-музиката каде што пејач или текстописец достигнал толку длабоко ниво во себе поради што слушајќи ги нив е исто како да се слушаат сведоци на убиство или самоубиство...за мене, „Layla“ е најдобрата до сите!

Вклучувањето на Дјуен Алман

уреди

Еден случаен настан ги спои великанот Ерик Клептон и Дјуен Алман во контакт накратко по почетокот на снимањето на „Dominos“ во Мајами, Флорида, во август 1970. Продуцентот Том Дод го зафати местото позади миксетата за време на снимањето на вториот албум на „Allman Brothers“, „Idlewild South“, кога беше примен телефонскиот повик од Клептон дека тој доаѓа со групата во Мајами за снимање. По оваа информација Алман најави дека би сакал да присуствува и да гледа доколку тоа не би му пречело на Клептон.

Отприлика една недела по пристигнувањето на „Dominos“, Алман му се јавил на Дод за да го обавести дека неговиот бенд е во градот за да свират на добротворен концерт. Кога Клептон ја слушнал оваа информација од Дод, инсистирал да присуствува на нивното шоу, велејќи: „Мислиш на дечкото (Вилсон Пикет) кој свири на позадината на „Hey Jude“?... Сакам да го видам како свири...Ајде да одиме.“. Клептон и неговото друштво седеле пред барикадата која ја делела публиката од сцената. Кога тие пристигнале и се сместиле на своите места, Алман свирел соло. Кога се свртел наоколу и ги отворил очите го видел Клептон и се стаписал. Дики Битс, другиот водечки гитарист на бендот, продолжил од делот каде што Дјуен застанал, но следејќи го неговиот поглед и тој го приметил Клептон поради што се свртел настрана за да не му се случи истото што му се случило на Дјуен.[14] По завршетоток на шоуто, Алман го прашал Клептон дали би можел да дојде во студиото за да го гледа снимањето на некои сесии, а Клептон директно го поканил кажувајќи му: „Понеси ја својата гитара; ти мора да свириш!“.[15] Подоцна Клептон во неговата автобиографија напишал дека тој и Алман биле неразделни за време на сесиите во Флорида, тој за Алман се изразил: „Музикален брат кој никогаш го немав, а посакувам да го имав“.[16]

Снимање

уреди

Величественоста на песните во „Layla and Other Assorted Love Songs“ се должи на соработката на Клептон и Витлок во пишувањето.

Оригинални песни

уреди

Меѓу оригиналните песни се „I Looked Away“ (Клептон, Витлок), „Bell Bottom Blues“ (Клептон), „Keep on Growing“ (Клептон, Витлок), „I Am Yours“ (Клептон, Незами), „Anyday“ (Клептон, Витлок), „Tell the Truth“ (Клептон, Витлок), „Why Does Love Got to Be So Sad?“ (Клептон, Витлок), „Layla“ (Клептон, Џим Гордон) и „Thorn Tree in the Garden“ (Витлок).

„Tell the Truth“ беше првично снимена во јуни 1970, со продуцентот на Џорџ Харисон, Фил Спектор. Беше издадена како сингл со „Roll It Over“ на б-страната. Сепак, како што се присеќа Боби Витлок, продуцентската куќа „Wall of Sound“ на Спектор не одговарала на стилот на бендот и тие мораа да го повлечат синглот.[17] За време на сесиите, „Tell the Truth“ беше снимена како долг и спор инструментален џем. Финалната верзија била искомбинирана од оригиналниот текст и спориот дел на џемот. И двете вокални верзии подоцна беа издадени во „The History of Eric Clapton“ во 1972. Последната песна на албумот, „Thorn Tree in the Garden“, беше во согласност со Том Дом, „совршената стерео снимка“: Витлок, Клептон, Алман, Ридли и Гордон седнале во круг со микрофонот стратешки поставен во центарот и сите свиреле во живо.

Преработики

уреди

Преработените песни содржат блуз стандарди: „Nobody Knows You When You're Down and Out“ (Џими Кокс), „Key to the Highway“ (Чарлс Сигар, Вили Брунзи), „Have You Ever Loved a Woman“ (Били Мајлс), „Little Wing“ (Џими Хендрикс) и забрзана верзија на „It's Too Late“ (Чак Вилис). Според Дод, снимањето на „Key to the Highway“ беше чиста случајност. Бендот го слушнале „Sam the Sham“ во соседната соба во студиото како ја свири песната за неговиот албум „Hard and Heavy“. Им се допаднала и спонтано почнале да ја свират. Дод му кажал на инженерот да ја пушти лентата за снимање, поради што и песната почнува со тивок тон и се движи кон повисок.

Настап во живо

уреди

„Derek and the Dominos“ биле на турнеја за да го поддржат овој албум и наспапите од 1970 во американската турнеја беа издадени во јануари 1973, во албумот „In Concert“. Клептон продолжил да ја свири песната „Layla“ во живо, како во 1985 на „Live Aid“ во Филаделфија. Во 2006, Клептон и Џ.В. Кејл го снимија албумот „The Road to Escondido“ на кој гитаристот на бендот „Allman Brothers“, Дерек Тракс, ги свири песните на гитара. Следејќи го овој албум Клептон отиде на турнеја со Тракс како дел од неговиот бенд. Клептон подоцна објасни дека присуството на Тракс му овозможило да се чувствува како да свири во „Derek and the Dominos“ повторно.[18]

Издавања на копакт диск

уреди

Постојат намалку пет издание на „Layla and Other Assorted Love Songs“ на компакт диск:

  1. Во 1983 сет на две ЦДа на „RSO Records“, 16-битна преработка на мастерот;
  2. „The Layla Sessions“, издание од 18 септември 1990, со два додатни диска;
  3. На 15 септември 1993, „Mobile Fidelity Sound Lab“ издаде ЦД, лимитирана златна едиција со 20-битна преработка на мастерот;
  4. На 20 август 1996, „Polydor“ направи 20-битна преработка на мастерот, дел серијата преработки на мастерите на Ерик Клептон;
  5. Хибридната „SACD/CD“ преработка на мастерот од „Polydor“ на 9 ноември 2004.

Список на песни

уреди

Страна 1

уреди
# Наслов Автор/и Времетраење
1 „I Looked Away“ Ерик Клептон, Боби Витлок 3:05
2 „Bell Bottom Blues“ Клептон 5:02
3 „Keep on Growing“ Клептон, Витлок 6:21
4 „Nobody Knows You When You're Down and Out“ Џими Кокс 4:57

Страна 2

уреди
# Наслов Автор/и Времетраење
1 „I Am Yours“ Клептон, Незами 3:34
2 „Anyday“ Клептон, Витлок 6:35
3 „Key to the Highway“ Чарлс Сигар, Вили Брунзи 9:40

Страна 3

уреди
# Наслов Автор/и Времетраење
1 „Tell the Truth“ Клептон, Витлок 6:39
2 „Why Does Love Got to Be So Sad?“ Клептон, Витлок 4:41
3 „Have You Ever Loved a Woman“ Били Мајлс 6:52

Страна 4

уреди
# Наслов Автор/и Времетраење
1 „Little Wing“ Џими Хендрикс 5:33
2 „It's Too Late"“ Чак Вилис 3:47
3 „Layla“ Клептон, Џим Гордон 7:05
4 „Thorn Tree in the Garden“ Витлок 2:53

Личности

уреди

Личности-продукција („Layla and Other Assorted Love Songs“)

уреди
  • Том Дод - извршен продуцент
  • Рон Алберт - инженер
  • Чак Керкпатрик - инженер
  • Хови Алберт - инженер
  • Карл Ричардсон - инженер
  • Мак Емерман - инженер
  • Алби Галутен - пијано & асистент
  • Денис М.Дрејк - изработка на мастерот
  • Емили Теодор Френдсен де Шомберг - сликање на обвивката на албумот, „La Fille au Bouquet“.[19]

Личности-продукција („The Layla Sessions“)

уреди
  • Бил Левинсон - продуцент
  • Стиви Ринкоф - миксер
  • Ден Гилерт - инженер асистент
  • Боб Лудвиг - изработка на мастерот
  • Скот Хал - дигитална изработка
  • Џин Санторо - ноти
  • Мичел Канер - уметничка изработка
  • Џорџ Либон - уметничка изработка

Наводи

уреди
  1. Ерлвајн, Стивен Томас. „„Layla and Other Assorted Love Songs" - „Derek & the Dominos". „Allmusic. Rovi Corporation“. Review. Посетено на 19 февруари 2012.
  2. Кристго, Роберт (1981). „Албум на „Derek and the Dominos" - Layla“. Роберт Кристго. Посетено на 19 февруари 2012.
  3. Наха, Ед (1972). „Преглед на албумот „Layla and Other Assorted Love Songs". Circus. Посетено на 19 февруари 2012.
  4. „Преглед: „Layla and Other Assorted Love Songs". „Down Beat“. „Maher Publications“. 1991. Посетено на 19 февруари 2012.
  5. Гил, Енди (18 март 2011). „Албум на „Derek and the Dominos" - „Layla and Other Assorted Love Songs", делукс едиција за 40 годишнина („Universal")“. „The Independent“. Лондон: „Independent Print Limited“. „Arts & Ents section“. Посетено на 19 февруари 2012.
  6. „Преглед: „Layla and Other Assorted Love Songs"“. Q. „EMAP Metro Ltd“ (122): 147. 1996.
  7. Лејмбачер, Ед (24 декември 1970). „„Layla and Other Assorted Love Songs". Rolling Stone. Жан С. Венер. Посетено на 19 февруари 2012.
  8. Декуртис, Ентони (27 јануари 2005). „„Layla and Other Assorted Love Songs". „Rolling Stone“. Жан С. Венер. Посетено на 19 февруари 2012.
  9. „Преглед: „Layla and Other Assorted Love Songs"“. Uncut. „IPC Media“: 86. 2004.
  10. Димартнино, Дејв. „„Derek & The Dominos" - анализи“. „Yahoo! Music“. Yahoo!. Архивирано од изворникот на 2012-02-20. Посетено на 20 февруари 2012.
  11. 11,0 11,1 "115: Layla and Other Assorted Love Songs."
  12. Gambaccini, The Top 100.
  13. Robbins, "Review."
  14. Poe, Skydog, 160.
  15. "Allman, Duane."
  16. Clapton, The Autobiography, 128.
  17. Poe, Skydog, 159.
  18. Clapton, The Autobiography, 307.
  19. "Derek and the Dominos - "Layla."

Библиографија

уреди

Надворешни врски

уреди