Blind Faith биле Англиски блуз-рок бенд во кој чествувале Ерик Клептон, Џинџер Бејкер, Стиви Винвуд и Рик Греч. Бендот, кој бил една од првите супер групи, издал само еден албум во август 1969, „Blind Faith“. Во однос на стилот на свирење, тие биле во голема мера слични со бендовите кои Винвуд и Клептон кретко пред тоа свиреле, односно бендовите, Traffic и Cream.

Blind Faith
ПотеклоСари, Англија
ЖанровиБлуз-рок, хард рок, британски блуз, прогресивен рок[1]
Период на активност1968–1969
Издавачи„Polydor“
Atco
RSO
Island
СоработнициCream“, „Traffic“, „Family“, „Derek and the Dominos“, „Spencer Davis Group“, Маф Винвуд, „Ginger Baker's Air Force
Поранешни членови
Ерик Клептон
Стиви Винвуд
Џинџер Бејкер
Рик Греч

Формирање и рана историја

уреди

Почетоците на „Blind Faith“ датираат од средината на 1968 година со распаѓањето на „Cream“. На почетокот, како прва супер група, „Cream“ станале финансиски моќна група, продавајќи милиони копии за само неколку години, а со самото тоа се на секој член од бендот му се воздигнало реномето на светско ниво. И покрај тој успех, бендот се распаѓал од внатре поради зачестените несогласувања помеѓу Џек Брус и Џинџер Бејкер, а Клептон засилено а играл улогата на медијатор. Поради овие причини Клептон сакал да се одвои од бендот и барал нов каде што ќе има можност да ја свири музиката која тој ја претпочитал.

И Стиви винвуд се соочувал со слични проблеми во „The Spencer Davis Group“ каде што тој три години бил водечки вокалист. Винвуд сакал да експериментира со додавање на џез елементи во песните, но поради големите разлики кои ги чувстувал кон останатите членови, Винвуд го напуштил бендот и во 1967 го оформил „Traffic“. Овој бенд се растурил во 1969, а Винвуд започнал да свири џем сесии со неговиот добар пријател Клептон. Винвуд и Клептон претходно соработувале и во проектираниот бенд „Eric Clapton's Powerhouse“.

Клептон бил задоволен од џем сесиите, но не бил спремен да започне со сериозна група. Во 1969 Џинџер Бејкер им се придружил при една свирка, така што бендот започнал да ја добива неговата финална форма. Клептон размислувал дали да го пушти Бејкер во Бендот поради тоа што му ветил на Џек Брус дека доколку некои од нив повторно свират заедно, тоа би биле само сите тројца. Сепак, Клептон не сакал повторно обединување на „Cream“ на само девет недели од распаѓањето. Како и да е, Стиви Винвуд силно лобирал кај Клептон за тој да му дозволи на Бејкер да биде дел од бендот, во што и успеал.[се бара извор]

До мај 1969, Рик Греч (басистот на „Family“) бил поканет да им се придружи оставајќи го својот бенд на средина од нивната турнеја. Енди Џонс (инженер) ги снимил повеќето песни на „Blind Faith“ во „Morgan Studios“, а албумот бил финиширан во „Olympic studios“ заедно со Алан Одафи (инженер) кои снимил уште неколку песни со бендот. Сето ова било направено под надзор на продуцентот Џими Милер.

Растурање на бендот

уреди

По крајот на турнејата во август, бендот се вратил во Англија опколен со гласини за растурање или, пак, можна турнеја во ОК. До октомври, бендот во голема мера бил пред распаѓање после една година од неговото формирање, а останал со издавање на само еден албум. Некои песни во живо од бендот можат да бидат пронајдени во албумот „The Finer Things“, од 1995, на Стиви Винвуд.

Потоа Клептон се оттргна од централното внимание, најпрво како придружник на „Plastic Ono Band“, а потоа и со „Delaney, Bonnie & Friends“ со кои станал добар пријател за време на турнејата во САД. Откако ги придружувал, Клептон земал неколку членови од „Delaney & Bonnie“ за да оформи нова супер група, „Derek and the Dominos“. Клептон никогаш не го отфрлил целосно репертоарот на „Blind Faith“, односно песните „Presence of the Lord“ и „Can't Find My Way Home“ ги свирел на настапи за време на неговата соло кариера.

Членови

уреди

Дискографија

уреди
  • Blind Faith“ - август 1969 #1 (САД), септември 1969 #1 (ОК)(Злато).

Највисоки позиции на музичките листи

уреди

Blind Faith“ на Билборд (Северна Америка):

Година Листа Позиција
1969 Black Albums 40
Pop Albums 1
1977 Pop Albums 126

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди