Derek and the Dominos (бенд)
Derek and the Dominos биле блуз-рок бенд формиран во пролетта, 1970-та, од гитаристот Ерик Клептон, клавијатуристот Боби Витлок, басистот Карл Редли и тапанарот Џим Гордон, а сите овие свиреле заедно со Клептон во бендот „Delaney, Bonnie & Friends“.
Derek and the Dominos | |
---|---|
Животописни податоци | |
Потекло | Њујорк Сити, Њујорк, САД [се бара извор] |
Жанрови | Блуз-рок |
Период на активност | 1970–1971 |
Издавачи | „Polydor Records“ |
Соработници | „Delaney, Bonnie & Friends“ „The Allman Brothers Band“ |
Поранешни членови | |
Ерик Клептон Боби Витлок Карл Редли Џим Гордон |
Бендот издал само еден студиски албум, „Layla and Other Assorted Love Songs“, во соработка со гостинот, гитарист, Дјуен Алман[1] од „the Allman Brothers Band“. Во март 1972, албумскиот сингл „Layla“ (инспириран од клептоновата врска со жената на неговиот пријател Џорџ Харисон, Пети Бојд) бил рангиран во топ 10 музичките листи во САД и во Обединетото Кралство. Албумот, кој доби пофалби и од критичарите и од обожавателите, често се користи за дефинирање на успехот во кариерата на Клептон.[2][3]
Почетоци
уредиПочетоците на „Derek and the Dominos“ можат да се пронајдат во „Delaney, Bonnie & Friends“ каде што сите членовите претходно свиреле, вклучувајќи го и Дјуен Алман кој свирел пред Клептон. Тоа што ги натерало членовите да си заминат од овој бенд биле постојаните несогласувања помеѓу Диланеи и Бони Бремлит, а Витлок за тоа вели:
„ | Однесувањето на Диланеи во мала мера наликуваше на Џејмс Браун, многу тешко за соработка, тој и Бони постојано се караа. Сите беа разочарани од таа состојба на бендот.[4] | “ |
Гордон и Редли ги напуштиле „Delaney, Bonnie & Friends“ за да свират со Џо Кокер на неговата турнеја со Лион Расел, но Витлок останал уште кратко потоа заедно со Бремлит.
Витлок барал место каде што може да свири, па Стиви Кропер го советувал да го посети Клептон во Англија. Витлок ќе живее во куќата на Клептон и во тој период тие ќе се дружат и заедно ќе го напишат поголемиот дел од песните на „Dominos“.[се бара извор]
Накратко потоа тие ги повикале останатие поранешни членови на „Delaney and Bonnie“, односно Дејв Мејсон, Карл Редли и Џим Гордон и заедно, квинтетот станал соработнички бенд на албумот „All Things Must Pass“ на Џорџ Харисон.[4]
За потеклото на името „Derek and the Dominos“ има повеќе варијанти кои се споменувале низ текот на годините. Според Џеф Декстер, името било одредено уште на 14 јуни 1970, на една свирка во „Lyceum Theatre“, Лондон, каде што биле именувани како „Eric Clapton and Friends“. Декстер го прашал Клептон дали може кога ќе излезе за да го најави следниот дел од свирката да ги претстави како „Eric Clapton and Friends“, а на тоа Клептон и Харисон веднаш се сложиле. Декстер вели дека кога го запознал Ештон со Клептон, тој наместо да рече: „Мило ми е што те запознав Ерик“, тој наместо Ерик го нарекол Дерек што довело да до крајот на турнејата, членовите од бендот, Клептон да го нарекуваат Дерек.[се бара извор]
Според Боби Витлок, по напуштањето на сцената, Тони Ештон од „Ashton, Gardner and Dyke“ го погрешил нивното повремено име „Eric and the Dynamos“, нарекувајќи ги „Derek and the Dominos“.[5] Уште една верзија произлегува од биографијата на Клептон каде што тој напоменува дека Ештон бил тој што го предложил името „Del and the Dominos“ („Del“ како прекар за Клептон). Del и Eric биле комбинирани со што било добиено финалното име „Derek and the Dominos“.[6] Во секој случај, бендот го добил новото име и отишол на турнеја во мали клубови во Англија каде што Клептон одлучил да остане анонимен поради големата придобиена слава и хаосот при распаѓањето на бендовите „Cream“ и „Blind Faith“.[7]
Од август до почетокот на октомври 1970, работејќи во „Criteria Studios“, Мајами, под водство на продуцентот Том Дод од „Atlantic Records“, бендот го снимил албумот „Layla and Other Assorted Love Songs“, двоен албум кој според многу критичари е ремек-дело на Клептонa. Поголемиот дел од материјалот, меѓу кои и „Layla“, бил инспириран од невозвратената љубов на Клептон од страна на Пети Бојд, жена на неговиот најдобар пријател Џорџ Харисон.[8] Неколку години подоцна, 1974, Пети се одлучила да има афера со Клептон, а во 1979 таа се омажила за него. Тие се разделиле во 1985 кога Клептон започнал врска со Лори дел Санто, а разводниот процес бил започнат и завршен во 1988.
Албумот „Layla“
уредиИако најчесто заслугите му се припишуваат на Клептон, албумот бил дело на целиот бенд.[9] Само две од 14-те песни на албумот Клептон ги напишал сам, а и Витлок има напишано една песна само, односно песната „Thorn Tree in the Garden“. Поголемиот дел од останатите песни се производ од заеднички труд на Клептон и Витлок, а во албумот има вклучено и блуз стандарди како „Nobody Knows You When You're Down and Out“ (Џими Кокс), „Have You Ever Loved a Woman“ (песна од Били Мајлс оригинално снимена од Фреди Кинг) и „Key to the Highway“ (Биг Бил Брунзи).
Последната од овие песни била снимена случајно. Членовите на бендот го слушнале Сем Семјудио во соседната хотелска соба како ја свири песната, им се допаднало, па започнале да ја свират. Кога Том Дод разбрал што се случува им рекол на инженерите да започнат да снимаат.[10]
„Теll the Truth“ била првично снимена во јуни 1970, за време на сесиите „All Things Must Pass“ под раководство на Фил Спектор и накратко потоа била издадена како сингл. За време на сесиите за овој албум, „Tell the Truth“ била повторно снимена, но овој пат како долг и бавен инструментален џем. Финалната верзија која се појавува на албумот е комбинација од овие две верзии. Претходните две верзии од песната, подоцна биле издадени на „The History of Eric Clapton“ (1972).
Кога албумот бил издаден во декември 1970, доживеал критички и комерцијален неуспех. Албумот не успеал да се искаче во првите 10 во САД, а во ОК не бил ни рангиран на листите. Добил многу малку внимание за што некои ги криват „Polydor Records“ поради лошата промоција и генералното незадоволство од анонимноста на Клептон во бендот..[11]
Но, песната „Layla“ била, исто така, вклучена во „History of Eric Clapton“ во 1972, а „Atlantic Records“ ја издале како сингл. Песнта станала хит, рангирајќи се и на двете листи, односно во САД (10 место) и во ОК (7 место).[12] Клептон ја преработил песната во 1992 како акустична балада и ја вклучил во неговиот албум „Unplugged“. Оваа верзија била рангирана на 12 место во САД, а исто така освоила и греми награда.[се бара извор]
Албумот Layla and Other Assorted Love Songs бил именува како еден од најдобрите албуми на сите времиња во списокот на „VH1“ (#89).[13] и на списокот на магазинот „Rolling Stone“ (#115).[14]
Настапи во живо
уредиПо снимањето на „Layla and Other Assorted Love Songs“, групата отишла на турнеја во САД во кога не бил вклучен Дјуен Алман кој се вратил во својот бенд по снимањето на албумот. При сеќавањето на Витлок во врска со дрогата тој вели:
„ | Ние немавме по малку од сè. Околу нас немаше грамови. Том не можеше да поверува деки ние, само така, ги остававме полните кеси насекаде. Се срамам кога го кажувам ова, но тоа е вистината. Беше страшно тоа што го правевме, но ние бевме само млади и глупи, па не бевме свесни. Кокаин, хероин и Џони Вокер, тоа е сè..[15] | “ |
Поради дрогата, турнејата резултирала со добро пречекан албум во живо, „In Concert“, кој бил снимен при неколку изведби во „Fillmore East“, Њујорк.
Трагедија и распаѓање
уредиТрагедијата го проследила бендот во текот на неговата кратка кариера. За време на сесиите, Клептон бил разочаран поради смртта на неговиот пријател и професионален соперник Џими Хендрикс; осум дена претходно, бендот снимил верзија на „Little Wing“ која била додадена во албумот во чест на Хендрикс. Една година подоцна, Дјуен Алман загинал во автомобилска несреќа. Како додаток на сето тоа, „Layla“ добил само млаки критики со слаба продажба по издавањето. Клептон ова го сфатил премнгоу лично, препуштајќи се на дрогата и паѓајќи во депресија.[16]
Бендот се распаднал во Лондон пред да ја снимат нивната втора плоча. Подоцна, при интервју со музичкиот критичар Роберт Палмер, Клептон рекол дека албумот „се распаднал на пола пат поради паранојата и тензијата, а бендот, едноставно, се распаднал“.[17] Иако Редли и Клептон работеле заедно уште неколку години подоцна, истото не се случило по разделбата на Клептон и Витлок. Редли умрел во 1980 поради компликации од инфекцијата на бубрезите предизвикани од алкохол и дрога.[18] Џим Гордон, кој бил недијагностициран шизофреничар, ја убил со чекан својата мајка во 1983 за време на психотична епизода. Во 1984 бил преместен во болница за ментално пореметени луѓе, каде што престојува и ден денес.[19]
По распадот, Клептон одлучил да оди на лекување поради неговата хероинска зависност[20] што резултирало со краток прекин на неговата кариера, поточно од концертот концертот за Бангладеш на Џорџ Харисон во 1971 до „Rainbow Concert“ во 1973 (видете 1973 во музиката), концерт организиран од бендот на Пити Тоуншенд, „The Who“.[19]
Песните снимени од групата биле презентирани и по распаѓањето, односно во компилационите албуми на Клептон како „The History of Eric Clapton“ и „Crossroads“.
Членови
уреди- Ерик Клептон - водечки вокали, гитара
- Боби Витлок - пијано, клавијатура, гитара, следечки вокали
- Џим Гордон - тапани, удиралки, пијано
- Карл Редли - бас гитара, удиралки
Дискографија
уредиАлбуми
уреди- 1970 - Layla and Other Assorted Love Songs
- 1973 - In Concert
- 1990 - The Layla Sessions: 20th Anniversary Edition
- 1994 - Live at the Fillmore
Синглови
уреди- „Tell the Truth“ / „Roll It Over“ („Atco Records“, 1970)
- „Layla“ / „Bell Bottom Blues“ („Polydor Records“, 1970)
- „Layla“ / „I Am Yours“ („Atco Records“, 1971)
- „Bell Bottom Blues“ / „Keep On Growing“ („Polydor Records“, 1971)
- „Bell Bottom Blues“ / „Little Wing“ („RSO Records“, 1973)
- „Why Does Love Got to Be So Sad“ [во живо] / „Presence of the Lord“ [во живо] („RSO Records“, 1973)
Наводи
уреди- ↑ Романовски, , Патриција (2003). „Rolling Stone Encyclopedia of Rock & Roll“, „Rolling Stone Press“, ISBN 0-671-43457-8
- ↑ „nndb.com“. Посетено на 2006-08-06.
- ↑ „superseventies.com“. Посетено на 2006-08-06.
- ↑ 4,0 4,1 The Layla Sessions забелешки, страна 5.
- ↑ „artistfacts.com“. Архивирано од изворникот на 2007-02-02. Посетено на 2006-08-06.
- ↑ Шумахер, Мајкл (1992). Crossroads: The Life and Music of Eric Clapton. „Citadel Press“. ISBN 0-8065-2466-9.
- ↑ The Layla Sessions забелешки, страна 4.
- ↑ „msnmusic.com“. Архивирано од изворникот на 2008-12-11. Посетено на 2006-10-05.
- ↑ „„Reason to Rock"“. Посетено на 2006-09-26.
- ↑ The Layla Sessions забелешки, страна 6.
- ↑ Шапиро, Хари (1992). Eric Clapton:Lost in the Blues „Da Capo Press Inc.“, ISBN 0-306-80480-8
- ↑ Сендфорд, Кристофер (1999). Clapton: Edge of Darkness „Da Capo Press Inc.“, ISBN 0-306-80897-8
- ↑ „Список на „VH1" за најдобри албуми“. Посетено на 2006-10-06.
- ↑ „Списокот на „Rolling Stone" за најдобри албуми на сите времиња“. Архивирано од изворникот на 2006-10-17. Посетено на 2006-10-06.
- ↑ The Layla Sessions забелешки, страна 12.
- ↑ „Biography on Clapton Fanclub Magazine“. Архивирано од изворникот 2008-01-19. Посетено на 2006-09-27.
- ↑ Декјуртис, Ентони (мај 1998). Rocking My Life Away, „Duke University Press“, ISBN 0-8223-2184-X
- ↑ Carl Radle biography on Allmusic
- ↑ 19,0 19,1 Романовски, Патриција (2003). Rolling Stone Encyclopedia of Rock & Roll „Rolling Stone Press“, ISBN 0-671-43457-8
- ↑ „„VH1.com - Derek and the Dominos"“. Архивирано од изворникот на 2007-04-02. Посетено на 2006-09-21.