Антоан Лоран де Жисје
Антоан Лоран де Жисје (француски: Antoine-Laurent de Jussieu; 12 април 1748 – 17 септември 1836) — француски ботаничар, познат како првиот што објавил биолошка класификација на цветните растенија, во голема мера непроменета до денес. Класификацијата претставува дополнување и разработка на необјавното дело на неговиот чичко, Бернар де Жисје.
Антоан Лоран де Жисје Antoine-Laurent de Jussieu | |
---|---|
Роден(а) | 12 април 1748 Лион, Франција |
Починал(а) | 17 септември 1836 | (возр. 88)
Живеалиште | Франција |
Националност | Франција |
Полиња | ботаника |
Установи | Градина на растенијата, Париз |
Познат по | класификација на цветните растенија |
Авторска кратенка (бот.) | Juss. |
Живот
уредиЖисје е роден во Лион. Студирал медицина во Париз, и дипломирал во 1770. Станал професор по ботаника во установата Градина на растенијата (Jardin des Plantes) од 1770 до 1826 г. Син му, Адриен Анри, исто така станал ботаничар.
Во трудот посветен на цветните растенија Genera plantarum („Растителни родови“, 1789), Жисје увоил методологија на класификација според простите особености на растенијата, идеја која ја добил од шкотско-францускиот ботаничар Мишел Адансон. Ова претставувало значаен напредок во однос на „вештачкиот“ систем на Карл Линеј, чие најпопуларно дело ги класификувало растенијата во класи и редови според бројот на прашници и толчници. Жисје сепак ја задржал Линеевата биномна номенклатура, поради што делото се стекнало со големо и долгосежно влијание - голем дел од растителните семејства и денес му се припишуваат на Жисје. Од семејствата зачувани во правилникот ICBN, 76 се на Жисје, наспроти само 11 на Линеј.[1]
Во 1788 е избран за странски член на Кралската шведска академија на науките.
Жисје бил член на истакнатата масонска ложа „Девет сестри“ (Les Neuf Sœurs)
Дела
уреди- Jussieu, Antoine Laurent de (1789). Genera Plantarum, secundum ordines naturales disposita juxta methodum in Horto Regio Parisiensi exaratam. Paris. OCLC 315729. Посетено на 19 февруари 2007.
- Jussieu, Antoine Laurent de. Antonii Laurentii de Jussieu Genera plantarum :secundum ordines naturales disposita, juxta methodum in Horto regio parisiensi exaratam, anno M.DCC.LXXIV. Посетено на 19 август 2009.
- Jussieu, Antoine Laurent de. Opuscules de botanique. Посетено на 19 август 2009.
Наводи
уредиВикиизвор има оригинални дела од или за: Антоан Лоран де Жисје |
„Антоан Лоран де Жисје“ на Ризницата ? |
- ↑ Morton, Alan, History of botanical science, 1981
- ↑ „Автори“. Меѓународен индекс на растителни имиња. (англиски)
- Duane Isely, One hundred and one botanists (Iowa State University Press, 1994), стр. 118–120
- јавна сопственост: Chisholm, Hugh, уред. (1911). „Де Жисје“. Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press. Оваа статија вклучува текст од објавено дело кое сега е
- „Де Жисје“. Catholic Encyclopedia. New York: Robert Appleton Company. 1913.