Толчник
Толчник (англиски: muddler) е барменско помагало кое се користи слично како кујнскиот толчник, и служи за гмечење или мешање на овошја, билки и/или зачини на дното на чашата за да го ослободат својот вкус, арома или масла.
Три познати коктели во кои се употребува толчник при приготвувањето се мохито кое се прави со светол рум, кајпириња која се прави со кашаса (како и кајпирошка, варијанта на кајпириња која се приготвува со вотка наместо рум и ментол џулеп кој се прави со бурбон виски.