Гинко

(Пренасочено од Ginkgo)
Гинко

Гинкото (науч. Ginkgo biloba) е дрво кое е единствениот жив претставник на родот гинко (Ginkgo) од одделот гинкови (Ginkgophyta), додека останатите се фосилни видови. Овој оддел опфаќал семени растенија. Единствениот денешен преживеан вид е ограничен само во Кина. Оваа група на растенија била распространета низ целиот свет за време на мезозоикот. Гинкото потекнува од пред 225 милиони години, а во леденото време тоа успеало да преживее само во Кина. Во Западната цивилизација, гинкото пристигнало во XVIII век. Гинкото се одликува со голема отпорност на екстремни услови (отрови, загадувачи, зрачење, инсекти итн.).[3]

Гинко
Период: еоцен - денес[1]
Дрво на гинко
Научна класификација [ у ]
Царство: Растенија
Оддел: Гинкови
Класа: Гинкови
Ред: Гинковидни
Семејство: Гинка
Род: Гинко
Вид: Гинко
Научен назив
Ginkgo biloba
L.

Морфологија

уреди
 
Листови од Ginkgo biloba.

Претставниците од овој оддел (вклучувајќи го и гинкото) биле дрвенести растенија со лепезести листови. Гранките се со бројни странични изданоци кои ги носат репродуктивните елементи. Стеблата се со издолжен секундарен раст кој произведува значителен дел на секундарен ксилем.

Размножување

уреди

Гинкото е дводомно растение. Мегаспорангијатните дрвја (женските единки) носат по две овули на крајот на стеблото. Обично само една овула се развива во зрела семка. Интегументот се состои од три слоја. Внатрешниот слој се развива во каменеста семена обвивка. Надворешните два слоја се преобразуваат во месести слоеви кои го обвиваат плодот. Бидејќи ова ткиво (интегументот) има силен и непријатен мирис, најчесто машки единки се употребуваат како украсни растенија. Микроспорангијатните дрвја (машки единки) носат микроспорангијатни стробили. Тие ослободуваат полен (микрогаметофити) кои се распространуваат со ветерот. Поленот произведува поленова цевка со хаусториум која ги доведува камшичестите сперматозоиди до една јајце-клетка во архегониум на женскиот гаметофит.

Лековити својства

уреди

Гинкото е најистражуваното растение во светот: до 2014 година биле објавени дури 3.111 научни труда посветени на него. Големиот интерес за гинкото произлегува оттаму што му се припишуваат одредени лековити својства, како:[3]

Исто така, Европската агенција за лекови и Светската здравствена организација препорачуваат употреба на гинко во третманот на вртоглавица од периферно потекло поради неговото вазодилататорно, метаболно, антиоксидансно и невропротективно дејство. Во тој поглед, истражувањата спореведени во неколку земји покажале дека гинкото има позитивно дејство во акутната фаза на вртоглавицата, во хроничната фаза и во периодот меѓу акутните напади на вртоглавица.[3]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Mustoe, G.E. (2002). „Eocene Ginkgo leaf fossils from the Pacific Northwest“. Canadian Journal of Botany. 80 (10): 1078–1087. doi:10.1139/b02-097.
  2. „'Ginkgo biloba'. IUCN Red List. Version 2006. International Union for Conservation of Nature. 1998. Посетено на 11 мај 2006.
  3. 3,0 3,1 3,2 Марина Давчева Чакар, „Гингко билбоа во третманот на вртоглавица и зуење во ушите“, Betty магазин, година IV, број 37, март 2017, стр. 9.