Гинкови
Период: јура - денес
Листови на гинко од периодот јура
Научна класификација
Царство: Растенија
Оддел: Гинкови
Класа: Гинкови
Ред: Гинковидни
Фамилии

Ginkgoaceaeгинка
Karkeniaceae
Umaltolepidiaceae
Yimaiaceae
Schmeissneriaceae

Гинковидните (научGinkgoales) се ред на голосеменици, кој содржи само еден опстанат вид — гинкото (Ginkgo biloba).[1] Станува збор за монотипски таксон во класата Ginkgoopsida (Гинкови), која исто така е монотипски таксон во склоп на одделот Ginkgophyta (Гинкови). Редот вклучува пет семејства,[2] од кои само семејството Гинка (Ginkgoaceae) има живи претставници.[3]

Историја

уреди

Првите фосилни гинко листови кои биле пронајдени потекнуваат од периодот тријас, но постоеле и мноштво други видови на гинко за време на периодите јура и креда. Овие периоди, познати колективно како мезозојска ера, се одликувале со огромна разновидност и дистрибуција на скоро сите растителни групи, вклучително и гинковите растенија.[4] Во почетокот на кенозојскиот период, особено во раните периоди на креда и терцијар, речиси сите гинковите растенија изумреле.[2][4]

Размножување

уреди

Гинковите дрвја се дводомни растенија (постојат посебни машки и женски единки). Машките цветови се наоѓаат на кратки изданоци, а имаат облик на реси во кои се наоѓаат прашниците. Женскиот цвет е сместен на долга дршка, на чиј крај се наоѓаат два плодника. Плодниците се оплодуваат од машки гамети кои имаат камшичиња (флагели) и можат слободно да се движат. Процесот на оплодување започнува во пролетно време на самото дрво. Потоа плодниците се зголемуваат до големина на плод (околу 2-3 сантиметри во пречник), паѓаат од дрвото во текот на есента, а оплодувањето продолжува во текот на зимата и пролетта.[4][5] Зрелото семе личи на костелка, надворешниот слој е месест и со непријатен мирис, а внатрешниот слој е тврд.

Наводи

уреди
  1. Christenhusz, M. J. M. J. L. Reveal, A. Farjon, M. F. Gardner, R. R. Mill, and M. W. Chase (2011). A new classification and linear sequence of extant gymnosperms. Phytotaxa 19:55–70. http://www.mapress.com/phytotaxa/content/2011/f/pt00019p070.pdf
  2. 2,0 2,1 B., Beck, Charles. „Ginkgoales“. AccessScience (англиски). doi:10.1036/1097-8542.289700. Посетено на 2018-10-13.
  3. „Ginkgoaceae in Flora of China @ efloras.org“. www.efloras.org. Посетено на 2017-04-12.
  4. 4,0 4,1 4,2 Taylor, Thomas N; Taylor, Edith L; Krings, Michael (2008-12-29). Paleobotany: The Biology and Evolution of Fossil Plants (англиски) (2. изд.). Amsterdam: Academic Press. ISBN 9780123739728.CS1-одржување: датум и година (link)
  5. „Introduction to the Ginkgoales“. www.ucmp.berkeley.edu. Посетено на 2018-10-13.