Европска агенција за лекови
Европска агенција за лекови (EMA, од англиски: European Medicines Agency) е агенција на Европската Унија за евалуација на медицинските производи.
Европска агенција за лекови | |
---|---|
Податоци за органот | |
Основан | 1 јануари 1995 |
Надлежност | Европска Унија |
Седиште | Лондон, Обединето Кралство |
Гесло | Science. Medicines. Health. |
Клучен документ | Regulation (EC) No. 726/2004 |
Мрежно место | |
ema.europa.eu | |
Карта | |
[[file:|275px]] |
ЕМА била основана во 1995 во обид да се хармонизира (но не да се замени) работата на веќе постоечките национални регулаторни тела. Целта била не само да се намалат годишните трошоци од €350 милиони на фармацевтските компании за добивање на одобренија за ставање на лекови во промет во различни земји-членки, но и да се елиминира протекционизмот на суверените држави кои не сакаат да одобрат нови лекови кои се потенцијални конкуренти на веќе постоечките произведени во домашните фармацевтски компании.
Седиштето на ЕМА е во Лондон, но со излегувањето на Обединетото Кралство од Унијата тоа ќе биде преместено во Амстердам.