Гастритис

(Пренасочено од Gastritis)

Гастритис означува хистолошка слика на воспаление на желудочните структури предизвикано од бактерии од родот Helicobacter или од прекумерно лачење на желудочна киселина. Може да се појави како краткотрајна епизода или да биде долготраен.[1] Симптомите може да изостанат, но кога се присутни најчеста е горноабдоминална болка.[1] Други можни симптоми се наузеа (мачнина) и повраќање, надуеност, губење на апетит и жиговина.[1][2] Компликации кои може да настанат се крвавење, чир на желудникот и желудочни тумори.[1] Кога причинителот има автоимуно потекло, може да настане намалување на бројот на еритроцити поради недостиг на витамин B12, состојба позната како пернициозна анемија.[3]

Гастритис
Микрографија на која е прикажан гастритис. H&E боење.
СпецијалностГастроентерологија
СимптомиГорноабдоминална болка, наузеа, повраќање, надуеност, губиток на апетит, жиговина[1][2]
КомпликацииКрвавење, чир на желудникот, желудочни тумори, пернициозна анемија[1][3]
ВреметраењеКратко или долготрајно[1]
ПричинителиHelicobacter pylori, НСАИЛ, алкохол, пушење, кокаин, тешка болест, автоимуни нарушувања[1]
Дијагностички методЕндоскопија, горногастроинтестинални серии, крвни тестови, тестови на столицата[1]
Диференцијална дијагнозаМиокарден инфаркт, воспаление на панкреасот, билијарна колика, чир на желудникот[2]
ЛекувањеАнтациди, H2 блокатори, инхибитори на протонската пумпа, антибиотици[1]
Честота~50% од луѓето[4]
Смртни случаи50,000 (2015)[5]

Чести причинители на гастритис се инфекција со Helicobacter pylori и употреба на нестероидни антиинфламаторни лекови (НСАИЛ).[1] Поретки причинители се алкохолот, пушењето, кокаинот, тешка болест, автоимуни нарушувања, радијациона терапија и Кронова болест.[1][6] Ендоскопијата, тип на радиографија позната како горногастроинтестинални серии, крвните тестови, и тестовите на столицата можат да помогнат во поставувањето на дијагноза.[1] Симптомите на миокарден инфаркт честопати се слични со оние на гастритис.[2] Други состојби со слични симптоми вклучуваат воспаление на панкреасот, билијарна колика, и чир на желудникот.[2]

Гастритисот се превенира преку избегнување на причинителот.[4] Третманот вклучува лекови како антациди, H2 блокатори, или инхибитори на протонската пумпа.[1] За време на акутен напад може да помогне пиење на вискозен лидокаин.[7] Ако гастритисот се појавил поради употреба на НСАИЛ, потребно е да се прекине нивната употреба.[1] Ако е присутен H. pylori третманот вклучува комбинација од антибиотици како амоксицилин и кларитромицин.[1] Кај оние со пернициозна анемија потребно е земање на додатоци со витамин B12, преку уста (орално) или инјекциски.[3] Пациентите се советуваат да избегнуваат надразнителна храна.[8]

Се смета дека гастритис имало половина од светското население.[4] Во 2013 имало приближно 90 милиони нови случаи.[9] Почесто е присутен кај постарата популација.[4] Гастритисот, заедно со сличната на него состојба која го зафаќа почетниот дел на тенкото црево позната како дуоденитис, резултирале со 50.000 смртни случаи во 2015 година.[5] H. pylori бил откриен во 1981 година од Бари Маршал и Робин Ворен.[10]

Третман

уреди

Антацидите се терапија од избор кај благ до умерен гастритис.[11] Кога тие не можат да овозможат доволно олеснување на симптомите, се користат лекови како H2 блокатори и инхибитори на протонската пумпа кои ја намалуваат секрецијата на желудочна киселина.[11][12]

Наводи

уреди
  1. 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 1,10 1,11 1,12 1,13 1,14 1,15 „Gastritis“. The National Institute of Diabetes and Digestive and Kidney Diseases (NIDDK). November 27, 2013. Архивирано од изворникот на 6 March 2015. Посетено на 1 March 2015.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Rosen & Barkin's 5-Minute Emergency Medicine Consult (4. изд.). Lippincott Williams & Wilkins. 2012. стр. 447. ISBN 9781451160970. Архивирано од изворникот на 2015-04-02.
  3. 3,0 3,1 3,2 Varbanova, M.; Frauenschläger, K.; Malfertheiner, P. (Dec 2014). „Chronic gastritis - an update“. Best Pract Res Clin Gastroenterol. 28 (6): 1031–42. doi:10.1016/j.bpg.2014.10.005. PMID 25439069.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 Fred F. Ferri (2012). Ferri's Clinical Advisor 2013,5 Books in 1, Expert Consult - Online and Print,1: Ferri's Clinical Advisor 2013. Elsevier Health Sciences. стр. 417. ISBN 9780323083737. Архивирано од изворникот на 2016-03-05.
  5. 5,0 5,1 GBD 2015 Mortality and Causes of Death, Collaborators. (8 October 2016). „Global, regional, and national life expectancy, all-cause mortality, and cause-specific mortality for 249 causes of death, 1980-2015: a systematic analysis for the Global Burden of Disease Study 2015“. Lancet. 388 (10053): 1459–1544. doi:10.1016/s0140-6736(16)31012-1. PMC 5388903. PMID 27733281.
  6. Hauser, Stephen (2014). Mayo Clinic Gastroenterology and Hepatology Board Review. Oxford University Press. стр. 49. ISBN 9780199373338. Архивирано од изворникот на 2016-03-05.
  7. Adams (2012). „32“. Emergency Medicine: Clinical Essentials. Elsevier Health Sciences. ISBN 9781455733941. Архивирано од изворникот на 2016-08-15.
  8. Webster-Gandy, Joan; Madden, Angela; Holdsworth, Michelle, уред. (2012). Oxford handbook of nutrition and dietetics (2. изд.). Oxford: Oxford University Press, USA. стр. 571. ISBN 9780199585823. Архивирано од изворникот на 2017-09-08.
  9. Global Burden of Disease Study 2013, Collaborators (22 August 2015). „Global, regional, and national incidence, prevalence, and years lived with disability for 301 acute and chronic diseases and injuries in 188 countries, 1990-2013: a systematic analysis for the Global Burden of Disease Study 2013“. Lancet. 386 (9995): 743–800. doi:10.1016/s0140-6736(15)60692-4. PMC 4561509. PMID 26063472.
  10. Wang, AY; Peura, DA (October 2011). „The prevalence and incidence of Helicobacter pylori-associated peptic ulcer disease and upper gastrointestinal bleeding throughout the world“. Gastrointestinal Endoscopy Clinics of North America. 21 (4): 613–35. doi:10.1016/j.giec.2011.07.011. PMID 21944414.
  11. 11,0 11,1 Zajac, P; Holbrook, A; Super, ME; Vogt, M (March–April 2013). „An overview: Current clinical guidelines for the evaluation, diagnosis, treatment, and management of dyspepsia“. Osteopathic Family Physician. 5 (2): 79–85. doi:10.1016/j.osfp.2012.10.005.
  12. Boparai V, Rajagopalan J, Triadafilopoulos G (2008). „Guide to the use of proton pump inhibitors in adult patients“. Drugs. 68 (7): 925–47. doi:10.2165/00003495-200868070-00004. PMID 18457460.

Надворешни врски

уреди
Класификација
П · Р · П
Надворешни извори