Diseases Database
Diseases Database (во превод: база на податоци за болести) претставува мрежно место кое нуди информации за меѓусебните врски на медицински состојби, симптоми, знаци и лекови. Базата на податоци е одржувана од „Medical Object Oriented Software Enterprises Ltd“, мала компанија од Лондон, ОК.[1]
Екранска снимка од страницата за градна болка (chest pain) на DiseasesDb | |
Вид место | Медицинска база на податоци |
---|---|
Достапно на | англиски |
Сопственик | „Medical Object Oriented Software Enterprises Ltd“, Лондон |
Адреса | http://www.diseasesdatabase.com |
Зачленување | Незадолжителна |
Мрежното место наведува дека ги нуди медицинските информации за „образование, читање на позадината на работите и општ интерес“ и дека наменетата публика е „лекари, други клинички здравствени работници и студенти на овие професионалци“. Уредникот на мрежното место е Малком Х. Данкан, квалификуван доктор по медицина од Обединетото Кралство.[1]
Организација
уредиБазата на податоци е основана од збир на концепти поврзани со човековата медицина. Во овие концепти се вклучени болести, лекови, симптоми, физички знаци и абнормални лабораториски резултати. Тие се нарекуваат „предмети“ (англиски: items). Постојат околу 8.400 предмети во базата на податоци.[2]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Funding, licensing and sponsorship, Diseases Database (англиски)
- ↑ Diseases Database metrics, Diseases Database (англиски)