Кронова болест е неспецифичен хронично воспалителен процес на тенкото црево што се одликува со стеснување на тенкото црево поради воспаленија, а може да се јави и на дебелото црево.

Кронова болест
Најчести локализации на Кронова болест
СпецијалностГастроентерологија Уреди на Википодатоците

Кај оваа болест се јавуваат многу ранички, чиреви на ѕидот на цревото (улцерации) кои меѓу себе се одделени со здрав ѕид, понекогаш се јавуваат и анални фисури, се чувствуваат повремени или трајни болки проследени со многу празнења (до 40 дневно), лажни нагони за во тоалет, во изметот има многу слуз, често и крв и кашасти состојки. Се губи доста во тежина, се слабее брзо и слично.

Симптоми и преглед

уреди

Хроничните автоимуни заболувања како улцерозниот колит, грануломатозниот колит или Кроновата болест се долготрајни хронични заболувања што се проследени со слузести и слузесто-крвави празнења, со грчеви и болки во стомакот[1].

Симптомите при овие заболувања се пролив или запек, слуз или крв во изметот, прекумерно испуштање гасови, кркорење на цревата итн. При манифестација на секој од овие симптоми, а особено при крв во изметот, треба веднаш да се оди на лекар и да се дијагностицира за што се работи. Прогласување априори хемороиди од болниот или од матичниот лекар и давање терапија на невидено е голема грешка затоа што тука можат да се превидат многу сериозни заболувања и да се пропушти оптималната фаза за лекување. Треба да се направи ректален преглед, а потоа да се преземат другите анализи: ректоскопијата, колоноскопијата, иригографија, ехо-томографијата, биопсија, испитување на изметот на паразити и бактерии, лабораториски анализи и на основа на овие сознанија се поставува дијагноза и почнува терапијата.

Превентива

уреди

Употребата на животински масти, лути храни со многу зачини, алкохол, мешункаста храна што создава многу гасови треба во акутната фаза да се избегнува. Не треба да се јадат сувомесни производи, особено чадени, пикантни сосови и сл. Треба храната повеќе да биде варена, а помалку пржена и печена. Производи од ориз, компир, особено компир-пире, пасирани моркови, пилешко месо, млечни производи, особено јогурт, кравјо сирење треба да се употребуваат во акутната фаза за полека да се премине на друга храна, но во помали количества. Храната треба добро да се џвака. Треба да се јаде повеќепати на ден по помали количества, а не одеднаш големи порции што цревата не можат да ги преработат.

Лекување

уреди

За Кроновата болест не постои специфична медикаментозна или хируршка терапија. Најефикасни медикаменти се антиинфламаторните лекови (кортикостероиди, аминосалицилати и имуносупресиви), а по потреба се применуваат и други лекови.

Ако се работи за улцерозен колит или за Кронова болест, почетното лекување е со соодветни лекови со медикаментозни клизми, надоместување на електролитите и белковините и со тоа во голем процент се постигнува долгогодишна ремисија. Ако дојде до компликации - преплет на цревата, масивно крвавење, појава на стенози и фистули, тогаш се препорачува хируршка интервенција.

Наводи

уреди
  1. Crohnova bolest Архивирано на 12 октомври 2007 г. Medicina.hr (хрв.)
Класификација
П · Р · П
Надворешни извори