Роберт Кристгау
Роберт Кристгау (англиски: Robert Christgau) (роден на 18 април 1942 во Њујорк) е американски есеист, музички критичар и самопрогласен „бард на американското рок новинарство“.[1] Тој бил еден од раните професионални музички рецензенти, а свои критички осврти почнал да објавува од 1969 г. 37 години од неговиот работен стаж минал во неделникот The Village Voice, а повремено пишувал и во Rolling Stone, Blender и Spin. Според него, Луис Армстронг, Телониус Монк, Чак Бери, Битлс и New York Dolls се петте најдобри музичари на сите времиња.[2] Во музичките кругови, тој е познат како љубител на рокенрол и рап, додека искажал негодување кон хеви метал, арт-рок и прогресивен рок.[3]
Роберт Кристгау | |
---|---|
Кристгау на конференција во Сиетл (2010) | |
Роден/а | 18 април 1942 Њујорк, САД |
Занимање | музички критичар, есеист |
Националност | Американец |
Период | 1960–сѐ уште |
Сопруг/а | Карола Дибил |
Деца | Нина Кристгау |
мрежно место | |
http://www.robertchristgau.com/ |
Наводи
уреди- ↑ „Robert Christgau, Dean of American Rock Critics“. robertchristgau.com. Посетено на 10 октомври 2009.
- ↑ O'Dair, Barbara (9 мај 2001). „A conversation with Robert Christgau“. Salon. Посетено на 13 април 2008.
- ↑ Rubio, Steven (2002). „Online exchange with Robert Christgau“. Rockcritics Archives. rockcritics.com. Архивирано од изворникот на 2018-12-15. Посетено на 2013-09-19.
Надворешни врски
уреди- Официјално мрежно место
- Consumer Guide на MSN Music Архивирано на 15 август 2009 г.