Филипински крокодил

(Пренасочено од Crocodylus mindorensis)
Филипински крокодил
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Влекачи
Ред: Crocodilia
Семејство: Crocodylidae
Род: Crocodylus
Вид: C. mindorensis
Научен назив
Crocodylus mindorensis
Schmidt, 1935
Распространетост на филипинскиот крокодил

Филипинскиот крокодил (Crocodylus mindorensis) е крокодил кој живее само на Филипините.[1] Познат е и под името Миндорски крокодил (по островот Миндоро) или Филипински слатководен крокодил. На Филипините е строго забрането да се убиваат крокодилите, но сепак овој вид е со статус на критично загрозен вид, најмногу поради невообичаените методи на риболов[2], како риболов со употреба на динамит[3].

Особености

уреди

Филипинскиот крокодил е релативно мал слаководен крокодил кој е ендемски вид на Филипините. Овие крокодили не растат повеќе од 3 метри. Женките се помали од мажјаците (види полов диморфизам). Бојата на кожата е златно-кафеава, и станува се потемна со стареење на единката.

Историја и еволуција

уреди
 

До пред некое време Филипинскиот крокодил се сметал за подвид на новогвинејскиот крокодил (Crocodylus novaeguinae) [4]. Во минатото се среќавале и во Лусон и делови од Висаите и Минданао, но бројноста на популациите била драстично намалена најмногу поради загубата на живеалиштето.

Еден друг вид Crocodylus raninus, кој живее во една мала зона на Борнео, долго време се сметал за близок роднина на филипинскиот крокодил. Според последните генетски анализи овој вид всушност припаѓа во видот Crocodylus porosus.

Заштитен статус

уреди
 
Филипински крокодил

Иако во минатот овој крокодил се среќавал насекаде низ Филипините, денес тој е критично загрозен. Многу малку се знае за неговата точна распространетост и за релациите со морскиот крокодил со кој делат исто живеалиште. Се смета дека најдобро решение за зголемување на бројот на овие животни е преку програмите за одгледување млади крокодили и нивно враќање во дивината. Овие програми се покажале доста успешни за зачувување на други животни. Во 1992 година популацијата во дивината се проценува на 1000 единки, а во 1995 се смета дека нема повеќе од 100тина возрасни единки.

Crocodylus mindorensis се сметало дека е изумрен во регионот на северен Лусон, сè додека во 1999 во Сан Марино, Изабела, не бил уловен жив примерок на овој вид. Уловениот крокодил го добил името Изабела и бил однесен во центар за рехабилитација и истражување на крокодилите од каде повторно бил вратен во дивината во август 2007 година. Овој примерок бил долг 1,6 метри во времето кога бил пуштен во дивината[5],

Наводи

уреди
  1. Only in the Philippines - Endemic Animals in the Philippines Архивирано на 6 август 2017 г. txtmania.com.Accessed 22 октомври 2007.
  2. Crocodilian Species - Philippine Crocodile (Crocdylus mindorensis) flmnh.ufl.edu.Accessed 22 октомври 2007.
  3. BPM_05one_Philipines_text.pdf (Application/pdf Object) bp.com. Accessed 22 октомври 2007.
  4. Species Accounts:cmind.htm flmnh.ufl.edu.Accessed 22 октомври 2007.
  5. Burgonio, TJ (2007-08-25). 'Isabela,' the croc, to be freed in wilds“. Breaking News: Regions (англиски). Inquirer.net. Архивирано од изворникот на 2007-09-02. Посетено на 2007-09-02. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)

Надворешни врски

уреди