Папаја

(Пренасочено од Carica papaya)

Папаја (научCarica papaya) — вид растение од семејството на папаите (Caricaceae),[3] како и назив за неговиот плод. За првпат е припитомено во Мезоамерика, на подрачјето на денешно јужно Мексико и Средна Америка.[4][5] Денес се одгледува во неколку земји со тропска клима. Во 2022 г. најголем производител била Индија, со 38 % од светското производство.

Папаја
Растение и плодови на ботаничка илустрација
Научна класификација [ у ]
Царство: Растенија
клад: Скриеносеменици
клад: Евдикоти
клад: Розиди
Ред: Зелковидни
Семејство: Папаи
Род: Папаја
Вид: Папаја
Научен назив
Carica papaya
L.[2]
Незрели плодови на дрво
Лист
Машки цветови
Производство на папаја низ светот.

Потекло на името

уреди

Поимот „папаја“ (papaya) доаѓа од аравачкиот јазик преку шпанскиот.[6] Важи како за растението, така и за неговиот плод.

Опис

уреди

Ова е мало дрво со проретчени гранки, обично со едно стебло со висина од 5 до 10 м. Има спирално распоредени листови ограничени само на врвот од стеблото. Долниот дел од стеблото има забележливи лузни каде некогаш виселе листови и плодови. Листовите се големи, со пречник од 50-70 см, изразено дланчести, со седум резни. Сите делови од растението содржат латекс зглобни млечници.[7]

Цветови

уреди

Папаите се дводомни растенија. Цветовите се петделни и високо диморфни; прашниците кај машките цветови се сраснати со венечните ливчиња. Постојат два вида папаини цветови. Женските имаат горна плодница и пет извиени венечни ливчиња, лабаво поврзани со основата.[8]:235

Машките и женските цветови се поставени на лисните пазуви; машките цветови се повеќецветни и правилноспротивни, а женските се дијазиуми со малку цветови. Поленовите зрнца се издолжени, со должина од 35 микрони. Цветовите имаат пријатен мирис и се отвораат ноќе. Опрашувањето се одвива преку ветерот или инсекти.[7][9][10]

Плод

уреди
 
Надолжно пресечен плод

Плодот претставува голема бобинка со должина од 15-45 см и пречник од 10-30 см.[7]:88 Кога е зрел, плодот омекнува (како зрело авокадо или помеко), лушпата му добива килибарна до протокалова боја. Долж ѕидовите на големата средишна шуплина има бројни црни семки.[11]

Хемија

уреди

Лушпата, месото и семињата на папајата содржат најразлични фитохемикалии како каротиноиди и полифеноли,[12] како и бензил изотиоцијанати и бензил гликозинати.[13] Каротиноидите, лутеин и бета-каротин, преовладуваат во жолтата лушпа, а ликопенот преовладува во месото, кое е црвено.[14] Семињата ја содржат и цијаногената супстанција пруназин.[15] Незрелиот плод содржи папаин,[4] цистеински протеазен емзим кој се користи за смекнување на месо.

Распространетост и живеалиште

уреди

Папајата потекнува од тропските подрачја на јужно Месико и Средна Америка.[4][5][7] Се смета за домороден вид и во јужна Флорида, воведена од претходниците на народот Калуса не подоцна од 300 г.[16] Шпанците ја донеле папајат во Стариот Свет во XVI век.[4] Денес се огледува во речиси сите тропски краишта: на Хаваите, во Централна Африка, Индија и Австралја.[4]

Дивата папаја е ограничена на природно пореметени тропски шуми.[5] Изобилува во природното подрачје Еверглејдс во Флорида по големи урагани, но инаку е ретка.[16] Во дождовните шуми во јужно Мексико расте изобилно и бргу се размножува во празнини на крошните, но изумира во стари шуми со густа крошнена покривка.[5]

Одгледување

уреди

Во историските записи од XVIII век се вели дека семиња од папајата се пренесени од Карибите во Малака (денешна Малезија), а потоа во Индија. Од Малака или од Филипините, папајата се проширила низ Азија и Јужна Тихоокеанија. Шпанскиот истражувач и ботаничар Франсиско де Паула Марин на почетокот на XIX век ја довел на Хаваите од Маркиските Острови. Оттогаш одгледувањето на папаја се проширило на сите тропски и многу суптропски подрачја во светот. Денес таа расте ширум целиот свет поради прилагодливоста на разни (поволни) клими и нејзината популарност како тропско овошје.[17]

Растенијата можат да бидат од три пола: машки, женски и двополови. Машките произведуваат само полен, а не плодови. Женските произведуваат мали нејадливи плодови доколку не се опрашени. Двополовите единки се самоопрашуваат бидејќи нивните цветовии имаат и машки прашници и женски плодници. Речиси сите плантажи на светот се состојат од двополови дрва.[10]

Растението природно потекнува од јужно Мексико (особено од Чијапас и Веракрус), Средна Америка, северна Јужна Америка и јужна Флорида[4][16] а денес се среќава во сите тропски земји. Во овоштарниците расте бргу и дава плод за три години. Меѓутоа, дрвото е многу чувствително на слана и иње, поради што се одгледува само во тропските краишта. Температури под -2 °C му нанесуваат голема штета, а често сосем го усмртуваат. Во Флорида, Калифорнија и Тексас расте само во јужните делови. Претпочита песоклива, добро исцедена почва; ако се насобере вода, растението умира во рок од 24 часа.[18]

Производство

уреди

Во 2022 г. во свето се произведени 13,8 милиони тони папаја. Најголем производител била Индија со 38 % од вкупната светска количина. Светското производство значително пораснало на почетокот на XXI век, претежно поради зголеменото производство во Индија и побарувачката на плодовите во САД.[19] САД се најголем увозник на папаја во светот.[9]

Во ЈАР овоштарниците даваат до 100 тони овошје по хектар.[20]

Токсичност

уреди

Папајата испушта латексна течност кога не е зрела, која ја раздразнува кожата и предизвикува алергии кај некои луѓе. Бидејќи ензимот папаин делува како алерген кај чувствителните лица,[21] месото омекнато со папаин сок може да предизвика алергична реакција.[4]

Во исхраната

уреди

Зрелиот плод на папајата обично се јаде сиров, без лушпата и семките.[4] Црните семки се јадат и имаат остар вкус кој налутнува.[4] The unripe green fruit is usually cooked due to its латекс content.

Зелениот плод и неговиот латекс се богати со папаин,[4] цистеинска протеаза што се употребува со омекнување на месо и други белковински храни, од американските староседелци, народите на Карибите и Филипините.[4] Се среќава и како состојка во прав за омекнување на месо.[4] Не е погодна за желатински јадења (желе или аспик) бидејќи ензимските својства на папаинот го спречува зацврстувањето на желатинот.[22]

Месото (кашата) на сировата папаја содржи 88 % вода, 11 % јаглехидрати и занемарливи количества на масти и белковини. На 100 грама, плодот има 43 килокалории и претставува значаен извор на витамин Ц (75 % од дневната вредност, ДВ) и умерен извор на фолат (10 % ДВ), но инаку има малку хранливи материи.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Contreras, A. (2016). Carica papaya. Црвен список на загрозени видови. 2016: e.T20681422A20694916. Посетено на 4 јануари 2022.
  2. Carica papaya L.“. U.S. National Plant Germplasm System. 9 мај 2011. Посетено на 5 септември 2017.
  3. Carica L.“. World Flora Online. World Flora Consortium. 2022. Посетено на 17 ноември 2022.
  4. 4,00 4,01 4,02 4,03 4,04 4,05 4,06 4,07 4,08 4,09 4,10 4,11 Morton, Julia F. (1987). „Papaya; In: Fruits of Warm Climates“. Purdue University Center for New Crops and Plant Products. стр. 336–346. Посетено на 27 октомври 2023.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 Chávez-Pesqueira, Mariana; Núñez-Farfán, Juan (1 декември 2017). „Domestication and Genetics of Papaya: A Review“. Frontiers in Ecology and Evolution. 5. doi:10.3389/fevo.2017.00155.
  6. Harper, Douglas. „papaya“. Online Etymology Dictionary. Посетено на 17 ноември 2022.
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 Heywood, V.H.; Brummitt, R.K.; Culham, A.; Seberg, O. (2007). Flowering plant families of the world. Firefly Books. ISBN 9781554072064.
  8. Ronse De Craene, L.P. (2010). Floral diagrams: an aid to understanding flower morphology and evolution. Cambridge: Cambridge University Press. ISBN 978-0-521-49346-8.
  9. 9,0 9,1 „Papayas“ (PDF). Western Institute for Food Safety & Security, University of California at Davis. 2016. Посетено на 10 септември 2017.
  10. 10,0 10,1 Chia, C. L.; Manshardt, Richard M. (октомври 2001). „Why Some Papaya Plants Fail to Fruit“ (PDF). Fruits and Nuts. College of Tropical Agriculture and Human Resources, University of Hawaii at Manoa: 1–2. Посетено на 1 април 2015.
  11. „papaya | Description, Cultivation, Uses, & Facts“. Encyclopedia Britannica (англиски). Посетено на 28 јули 2020.
  12. Rivera-Pastrana, D.M.; Yahia, E.M.; González-Aguilar, G.A. (2010). „Phenolic and carotenoid profiles of papaya fruit (Carica papaya L.) and their contents under low-temperature storage“. J Sci Food Agric. 90 (14): 2358–65. Bibcode:2010JSFA...90.2358R. doi:10.1002/jsfa.4092. PMID 20632382.
  13. Rossetto, M.R.; Oliveira do Nascimento, J.R.; Purgatto, E.; Fabi, J.P.; Lajolo, F.M.; Cordenunsi, B.R. (2008). „Benzylglucosinolate, benzyl isothiocyanate, and myrosinase activity in papaya fruit during development and ripening“. J Agric Food Chem. 56 (20): 9592–9. doi:10.1021/jf801934x. PMID 18826320.
  14. Shen, Yan Hong; Yang, Fei Ying; Lu, Bing Guo; Zhao, Wan Wan; Jiang, Tao; Feng, Li; Chen, Xiao Jing; Ming, Ray (16 јануари 2019). „Exploring the differential mechanisms of carotenoid biosynthesis in the yellow peel and red flesh of papaya“. BMC Genomics. 20 (1): 49. doi:10.1186/s12864-018-5388-0. ISSN 1471-2164. PMC 6335806. PMID 30651061.
  15. Seigler, D.S.; Pauli, G.F.; Nahrstedt, A.; Leen, R. (2002). „Cyanogenic allosides and glucosides from Passiflora edulis and Carica papaya“. Phytochemistry. 60 (8): 873–82. Bibcode:2002PChem..60..873S. doi:10.1016/s0031-9422(02)00170-x. PMID 12150815.
  16. 16,0 16,1 16,2 Ward, Daniel (2011). „Papaya“ (PDF). The Palmetto. Посетено на 1 јануари 2022.
  17. Duarte O, Paull RE (2010). Tropical Fruits, 1. Wallingford : CABI.
  18. Boning, Charles R. (2006). Florida's Best Fruiting Plants: Native and Exotic Trees, Shrubs, and Vines. Sarasota, Florida: Pineapple Press, Inc. стр. 166–167.
  19. „An Overview of Global Papaya Production, Trade, and Consumption“. Electronic Data Information Source, University of Florida. Посетено на 7 февруари 2014.
  20. Botha, Linda (16 март 2021). „Growing papayas: Easy to produce, tricky to market“. Farmer's Weekly. Посетено на 11 март 2023.
  21. „Papain“. National Library of Medicine, US National Institutes of Health. 27 април 2019. Посетено на 29 април 2019.
  22. Donna Pierce (18 јануари 2006). „Papaya“. The Chicago Tribune. Посетено на 4 јуни 2020.

Надворешни врски

уреди