Air One S.p.A. е дел од Compagnia Aerea Italiana S.p.A, која е авиокомпанија сега позната како Alitalia и, е заснована во Рим, Италија. Оперира на одредишта низ Италија, Европа и Северна Америка.

Air One
IATA ICAO Ознака
AP ADH HERON
Основан1983
ЈазлиАеродром Милано Малпенза
Поважни градовиАеродром Милано Линате
Аеродром Рим Фјумичино
Аеродром Торино
Аеродром Венеција
Програма за чести летачиMilleMiglia
Аеродромски салонWelcome Air One
Sky Team Elite
СојузSkyTeam
Летала45 (+87 нарачки)
Одредишта25
СедиштеРим, Италија
РаководствоRoberto Colaninno (Директор)
Rocco Sabelli (CEO)
Мрежо место[1]

Регионалните одредишта се опслужени со авиокомпанијата под име Air One CityLiner, со авиони од типот Bombardier CRJ-900. Главни централи на авиокомпанијата се аеродромот Леонардо Да Винчи во Рим, аеродромот Милано Линате и аеродромот во Торино, сите опремени со VIP терминали наречени Sala Welcome.

Заклучно со 31 декември 2008 година, Air One е дел од Compagnia Aerea Italiana (CAI), која го презеде управувањето на Alitalia и Air One, формирајќи една заедничка компанија.

Историја

уреди

Air One започна со работа под името Aliadriatica, и беше основана во Пескара во 1983 година, со намера да оперира како школа за летање и да нуди air taxi услуги како и летови до некои поблиски одредишта. Со купувањето на првиот Боинг 737-200 во јуни 1994, Aliadriatica започна со редовни и чартер операции. На 23 ноември 1995 година, новото име Air One беше усвоено и авиокомпанијата започна со редовен сообраќај помеѓу Рим и Милано. Во 1996, која беше прва целосна година исполнета со летови, Air One пренесе 713,000 патници, по што авиокомпанијата започна да се шири многу побрзо. Во 2000 година, Air One објави партнерство со Луфтханза, и скоро сите Air One одредишта беа делени со Луфтханза. Во јуни 2006, Air One CityLiner стартуваше како регионална подружница.

Во 2007 година, Air One пренесе околу 5,5 милиони патници, со што стана вториот најголем Италијански авиопревозник.

Во август 2008, беше објавено дека Air One ќе се спои со Alitalia. На 13 јануари 2009, Air One официјално стана дел од Alitalia. На 28 март 2009, поради спојувањето со Алиталија, партнерството со Луфтханза беше прекинато. На 28 јуни 2009, исто така поради спојувањето со Алиталија, партнерството со United Airlines и Air Canada исто така беше прекинато.

Одредишта

уреди

Африка

уреди
  • Алжир
    • Аеродром Алжир

Европа

уреди

Северна Америка

уреди
  • Соединети Американски Држави
    • Бостон
    • Њуарк

Флота

уреди

Флотата на Air One се состои од следиве авиони:

Air One Fleet
Авион Вкупно Патници Одредишта Забелешки
Airbus A320-216 27 159 (12/147)
Airbus A330-202 2 275 (20/255)
Boeing 737-300 3 148
Boeing 737-400 14 162