4 октомври (настани)
шаблон на Викимедија
1725 | Формирање на Росарио во Аргентина. |
1824 | Мексиканскиот народ по долготрајна борба против шпанската колонијална војска се избори за независност и го прогласи Мексико за република со неофицијален назив „Соединети Мексикански Држави“. |
1883 | Првото патување на возот „Ориент Експрес“. |
1940 | Средба на Адолф Хитлер и Бенито Мусолини кај преминот Бренер со цел да го прослават „Челичниот пакт“. |
1941 | Во селото Чучер, скопско, е формиран првиот Народноослободителен одбор во Македонија, За прв претседател беше избран Петар Крстев Урдаревски. |
1957 | Советскиот Сојуз го лансира во орбитата околу Земјата првиот вештачки сателит „Спутник 1“ со пречник од 58 сантиметри и со тежина од 83 килограми. |
1993 | Во Москва беше емитувана одлуката на претседателот Елцин за воведување вонредна состојба во главниот град на Русија. Со неа се забранува секакво собирање, односно забрането е одржување на митинзи и демонстрации. Руската влада го повика народот да не се вклучува во немирите. |