39 МТФ „Војдан Чернодрински“ - 2004
39 МТФ „Војдан Чернодрински“ - 2004
уредиПрограма
уредиВо официјалната програма биле прикажани следниве претстави[1]:
- ТРИ СЕСТРИ од Антон Павлович Чехов, во режија на Александар Поповски, продукција на Народен театар –Битола;
- БЕШЕ ЕДНАШ ВО МАЈ од Жолт Пожгај, во режија на Горан Булајиќ, продукција на Народен театар – Штип;
- ПАПОКОТ НА СВЕТОТ од Венко Андоновски, во режија на Златко Славенски, продукција на [[Македонски народен театар – Драма;
- ДЕРВИШОТ И СМРТТА од Меша Селимовиќ, во режија на Владимир Милчин, продукција на Албански театар – Скопје;
- БУДЕЊЕ од Трајче Кацаров, во режија на Владимир Талески, продукција на Народен театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ – Велес]];
- ЛЕТНИ СИЛЈАНЕ од Благоја Ристески-Платнар, во режија на Љупчо Ѓоргиевски, продукција на [[Народен театар „Војдан Чернодрински“ - Прилеп;
- ДОЛЕ ВЛАДА од Непознат автор, во режија на Сашо Миленковски, продукција на Македонски народен театар – Драма;
- МАРИСОЛ од Хосе Ривера, во режија на Владимир Милчин, продукција на Драмски театар – Скопје;
- ГАЛЕБ од Антон Павлович Чехов, во режија на Дејан Пројковски, продукција на [[Народен театар – Куманово;
- ТАТКО од Август Стриндберг, во режија на Слободан Унковски, Независна театарска продукција на Бајруш Мјаку – Скопје;
- ГИЛГАМЕШ во режија на Дејан Пројковски, продукција на Турски театар – Скопје;
- МАРА ДЕ САД од Петер Вајс, во режија на Јани Бојаџи, продукција на Народен театар „Антон Панов“ – Струмица;
Освен нив, во придружната програма биле прикажани претставите:
- ФИЛОКТЕТ од Љубиша Георгиевски, во режија на Борислав Чакринов, продукција на [[Драмски театар – Пловдив и Здружение на артистите „Адаптација“, Бугарија;
- АНТИГОНА од Софокле, во режија на Никита Миливојевиќ, продукција на Народен театар – Битола;
- АДСКА МАШИНА од Венко Андоновски, во режија на Димитар Станкоски]], продукција на Народен театар – Куманово;
- EVERYMAN од Горан Стефановски, во режија на Сенди Маберли, продукција на Театар „Melange“,Англија
- ДЕЦАТА НА ЛИЛИТ од Маја Мицевска, во режија на Ѓорѓи Јолевски, Драмска продукција на Универзална сала – Скопје]];
- НИКАДЕ НИКОГО НЕМАМ од Едвард Бонд, во режија на Егон Савин, продукција на Црногорско народно позориште – Подгорица, Србија и Црна Гора;
- СЛУЧАЈОТ М. ДЕ САД ИЛИ ЗА ГОСТУВАЊЕТО НА ТЕАТАРСКАТА ТРУПА „ЈУКИО МИШИМА “ ВО МАРИОВО од Блаже Миневски, во режија на Владо Цветановски продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп;
- EVERYMAN/СЕКОЈ од Горан Стефановски, во режија на Ѓурѓа Тешиќ, продукција на „Атеље 212“ – Белград, Србија и Црна Гора]]
- ПЕТ МАЛИ ДРАМИ настап на студентите од Факултетот за драмски уметности;
Награди
уредиНа фестивалот биле доделени следниве награди: Награди на 39.Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ Прилеп:
- Награди за животно дело: 1.Мара/Марија Исаја; 2. Благоја Иванов.
1. Награда за рекламен материјал: Филип Јовановски и Иван Јерчиќ за рекламниот материјал од претставата „Три сестри“, НТ Битола.
2. Награда за кореографија и сценски движења: Кренаре Невзати-Кери и Александра Хонг за кореографијата во претставата „Гилгамеш“, Турски театар - Скопје.
3. Награда за млад глумец „Трајко Чоревски “: Јасмина Василева за улогата на Нина Заречнаја во претставата „Галеб “, НТ Куманово.
4. Награда за епизодна улога „Димче Трајковски “:Михајло Петровски-Џими за улогата на Ферапонт во претставата „Три сестри“, НТ Битола.
5. Награда за музика: Марјан Неќак за музиката во претставите „Марисол“, Драмски театар – Скопје и „Дервишот и смртта“, Албански театар - Скопје.
6. Награда за костимографија: Марија Пупучевска за костимите во претставата „Марисол“, Драмски театар – Скопје.
7. Награда за сценографија: Благој Мицевски за сценографијата во претставата „Татко“, Независен проект на Бајруш Мјаку – Скопје.
8. Награда за режија: Слободан Унковски за режијата на претставата „Татко“, Независен проект на Бајруш Мјаку – Скопје.
9. Награда за текст: Благоја Ристески-Платнар за претставата „Летни Силјане“, НТ „Војдан Чернодрински“ - Прилеп.
10. Награда за современа сценска драматизација: Венко Андоновски за драматизацијата во претставата „Папокот на светот“, МНТ - Драма.
11. Награди за глумечки остварувања: Арта Мучај за улогата на Лаура во претставата „Татко“, Независен проект на Бајруш Мјаку – Скопје; Бајруш Мјаку за улогата на Капетанот во претставата „Татко“, Независен проект на Бајруш Мјаку – Скопје; Дејан Лилиќ за улогата на Човекот со палка и Лени во претставата „Марисол“, Драмски театар - Скопје.
12. Награда за уметничко остварување на претстава во целина: Претставата „Татко“, во режија на Слободан Унковски, во изведба на Независната театарска продукција на Бајруш Мјаку – Скопје.на Народниот театар "Војдан Чернодрински" од Прилеп.
Наводи
уреди- ↑ „2004“. Архивирано од изворникот на 2014-10-23. Посетено на 2021-12-25.
Надворешни врски
уреди- МТФ „Војдан Чернодрински Архивирано на 7 јуни 2023 г.