23 август (настани)
шаблон на Викимедија
1839 | Велика Британија на почетокот на Опиумската војна против Кина го зазеде Хонгконг кој од 1942 година стана независна колонија. |
1866 | Завршува Австриско-пруската војна |
1914 | Јапонија ѝ објави војна на Германија во Првата светска војна. На Версајската конференција во 1919 година на победничката Јапонија и се доделени многу германски колонии во Тихиот Океан како награда за учествувањето во војната на страната на силите на Антантата. |
1927 | Во Бостон се погубени анархистите Сако и Ванцети, по судскиот процес кој предизвикал доста контроверзии |
1939 | Министрите за надворешни работи на Германија и на СССР, Јоаким Рибентроп и Вјачеслав Молотов во Москва потпишаа спогодба за ненапаѓање. Во документот двете сили се обврзаа за „запирање“ на секој акт на насилство. Меѓутоа, две години подоцна Германија ја прекрши спогодбата и го нападна Советскиот Сојуз на 22.06.1941 година. |
1948 | Основан е Светскиот совет на црквите. |
1952 | Основана е Арапската Лига. |
1962 | Американскиот телекомуникациски сателит „Телстар“ за првпат емитуваше телевизиски пренос на линијата САД - Европа. |
1975 | Комунистите ја освојуваат власта во Лаос по долга граѓанска војна. |
1990 | Ерменија прогласува независност од СССР. |