19521 Хаос
19521 Хаос — кубевано од Кајперовиот Појас кое не е во резонанција со ниедна планета. Се смета за можна џуџеста планета, иако веројатно не е цврсто тело. Откриен е во 1998 г. од Длабокиот еклиптички преглед во опсерваторијата „Кит Пик“ во САД. Албедото му изнесува 0,050+0,03
−0,016,[7], па оттука има апсолутна величина (H) од 4,8,[5] или 600+140
−130 км во пречник.[7] Телото е наречено според праисконската состојба во старогрчката митологија, од која произлегле првите божества.
19521 Хаос сликан од „Хабл“ во септември 2001 г. | |
Откривање | |
---|---|
Откривач | Длабок еклиптички преглед |
Откриено | 19 ноември 1998 |
Ознаки | |
Наречена по | Хаос |
1998 WH24 | |
заднептунец (кубевано)[1][2] | |
Орбитални особености[5] | |
Епоха 13 јануари 2016 (ЈД 2457400,5) | |
Параметар на неодреденост 3 | |
Лак на набљудување | 5902 дена (16,16 г) |
Афел | 50,636 ае (7.5750 Тм) |
Перихел | 40,957 ае (6,1271 Тм) |
45,796 ае (6,8510 Тм) | |
Занесеност | 0.10567 |
309,92 г (113199 д) | |
Просечна орбитална брзина | 4,3931 км/с |
337,2998° | |
0° 0м 11.449с дневно | |
Наклон | 12,0502° |
50,0239° | |
≈ 24 December 2033[3] ±10 дена | |
58,4097° | |
Јупитерово НРОП | 35,8 ае (5,36 Тм) |
Нептуново НРОП | 12,5 ае (1,8 Тм)[4] |
Јупитеров Тисеранов параметар | 5.884 |
Физички особености | |
Димензии | 615± ? [6] 600+140 −130 км [7] 665 [8] |
3,985 дена | |
0,050+0,03 −0,016 [7] | |
B–V=0,95 ± 0,03 [8] V–R=0,63 ± 0,03 [8] V–I=1,25 ± 0,04 [8] | |
4.8 [5] 5.0 [6][8] | |
Орбита
уредиХаос има орбитален период од 309 години. Орбитата му е подолга, но помалку занесена од онаа на Плутон. Маклонета е околу 12° кон еклиптиката. Орбитата воопшто не ја пресекува Нептуновата. Тековно најблиското можно доближување до Нептун (МРОП) е на 12,5 ае (1,87 милијарди километри).[4]
Телото ќе биде во перихел кон крајот на декември 2033 г.,[3] приближувајќи се на 40 ае од Земјата. Ќе достигне најголема сјајност од 20,8.
Физички особености
уредиХаос е темно тело, со проценето албедо од 5 %, што подразбира пречник од 600 км. Се врти бавно, правејќи едно завртување за 3,985 дена. Според американскиот астроном Мајкл Браун, Хаос веројатно е џуџеста планета.[6]
Наводи
уреди- ↑ „MPEC 2008-O05 : Distant Minor Planets (2008 аеG. 2.0 TT)“. Minor Planet Center. 17 јули 2008. Посетено на 8 јануари 2011.
- ↑ Buie, Marc W. (9 ноември 2004). „Orbit Fit and Astrometric record for 19521“. Space Science Department. SwRI. Посетено на 28 септември 2008.
- ↑ 3,0 3,1 JPL Horizons Observer Location: @sun
- ↑ 4,0 4,1 „(19521) Chaos = 1998 WH24 orbit“. IAU Minor Planet Center. Посетено на 10 февруари 2018.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 „19521 Chaos (1998 WH24)“. JPL Small-Body Database Browser (2007-12-14 last obs). Посетено на 11 April 2016.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 Brown, Michael E. „How many dwarf planets are there in the outer solar system? (updates daily)“. California Institute of Technology. Посетено на 25 декември 2018.
- ↑ 7,0 7,1 7,2 7,3 Vilenius, E.; Kiss, C.; Mommert, M.; Müller, T.; Santos-Sanz, P.; Pal, A.; и др. (2012). „"TNOs are cool": A survey of the trans-Neptunian region VI. Herschel / PACS observations and thermal modeling of 19 classical Kuiper belt objects“. Astronomy and Astrophysics. 541: A94. arXiv:1204.0697v1. Bibcode:2012A&A...541A..94V. doi:10.1051/0004-6361/201118743. S2CID 54222700.
- ↑ 8,0 8,1 8,2 8,3 8,4 Doressoundiram, A.; Peixinho, N.; de Bergh, C.; Fornasier, S.; Thébault, Ph.; Barucci, M.A.; Veillet, C. (October 2002). „The color distribution in the Edgeworth-Kuiper Belt“. The Astronomical Journal. 124 (4): 2279–2296. arXiv:astro-ph/0206468. Bibcode:2002AJ....124.2279D. doi:10.1086/342447. S2CID 30565926.