15760 Албион

заднептунец, прототип на кубеваната
(Пренасочено од (15760) 1992 QB1)

15760 Албион (1992 QB1) — првиот заднептунец откриен по Плутон и неговата месечина Харон. Пронајден е во 1992 г. од астрономите Дејвид Џуит и Џејн Лу во опсерваторијата „Мауна Кеја“ на Хаваите. Ова е класичен објект од Кајперовиот Појас или кубевано — класа на објекти наречена по ова тело, чиј назив е изведен од QB1 во неговата ознака.[8] Во јануари 2018 г. биле познати преку 2.400 заднептунци, од кои добар дел се кубевана.

15760 Албион
Орбитите на четирите надворешни планети (црвено) споредено со онаа на 15760 Албион (сино)
Откривање [1][2]
ОткривачДејвид Џуит
Џејн Лу
Откриено воМауна Кеја
Откриено30 август 1992
Ознаки
Наречена по
Албион[3]
(во митологијата на Вилијам Блејк)
1992 QB1
заднептунец[1] · кубевано[4][5]
далечен [3]
Орбитални особености [1]
Епоха 4 септември 2017 (ЈД 2458000,5)
Параметар на неодреденост 3
Лак на набљудување21,10 г. (7.707 дена)
Афел46,566 ае
Перихел40,843 ae
43,704 ae
Занесеност0,0655
288,93 г (105.531 дена)
31,005°
0° 0м 12.24с дневно
Наклон2,1877°
359,44°
0,6029°
Физички особености
Среден пречник
108 км[6]
167 км[4]
0,2 (претп.)[6]
~23,4[7]
7,1[1]

Откривачите го предложиле името „Смајли“.[9] но истото веќе било зафатено од астероидот 1613 Смајли, наречен по американскиот астроном Чарлс Хју Смајли. Телото го добило бројот 15760[5] и останало безимено сè до јануари 2018 г. кога било наречено по земјата Албион (Британија) во митологијата на англискиот писател Вилијам Блејк.[10]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Прелистувач по базата на мали тела на JPL: 15760 Албион (1992 QB1)“ (2013-10-06 last obs.). Лабораторија за реактивен погон. Посетено на 6 February 2018. (англиски)
  2. „IAUC 5611: 1992 QB1“. Центар за мали планети. 14 September 1992. Посетено на 2011-07-05. (англиски)
  3. 3,0 3,1 „15760 Албион (1992 QB1)“. Центар за мали планети. Посетено на 6 February 2018. (англиски)
  4. 4,0 4,1 Вилијам Роберт Џонстон (28 December 2015). „Список на познати заднептунци“. Џонстонов архив. Посетено на 2015-01-03. (англиски)
  5. 5,0 5,1 Марк Б. Бује (30 ноември 1999). „Орбитна складност и астрометриски запис за 15760“. SwRI, Оддаление за вселенски науки. Посетено на 2008-09-28. (англиски)
  6. 6,0 6,1 Колку џуџести планети постојат во надворешниот Сончев Систем?, Мајк Браун (англиски)
  7. „AstDys: Ефемериди на (15760) 1992QB1“. Математички факултет, Универзитет во Пиза. Посетено на 2010-03-03. (англиски)
  8. Д-р Дејвид Џуит. „Класични објекти од Кајперовиот Појас“. Дејвид Џуит/UCLA. Архивирано од изворникот на July 5, 2013. Посетено на July 1, 2013. (англиски)
  9. Што се крие во надворешниот Сончев Систем? (Сајенс@НАСА, 13 септември 2001) (англиски)
  10. „(15760) Албион = 1992 QB1“. Центар за мали планети. Посетено на February 3, 2018. (англиски)

Надворешни врски

уреди