Шумска тринга
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Бекасови
Семејство: Мочварки
Род: Тринги
Вид: Шумска тринга
Научен назив
Tringa glareola
Linnaeus, 1758
Синоними

Rhyacophilus glareola (Linnaeus, 1758)

Шумската тринга (научTringa glareola) е мала крајбрежна птица од семејството на мочварките (научScolopacidae), родот на трингите (научTringa). Таа е најмалата тринга која живее во Евроазија, а ја има и во Македонија.

Опис

уреди

Шумската тринга личи на шарената тринга (T. ochropus), со краток фин клун, кафеав грб и долги жолтеникави нозе. Белото под опашката кај оваа тринга е поневпечатливо.[2]

Во поблиско сродство е со црвеноногата тринга (T. totanus), и овие две имаат сестринска врска со блатната тринга (T. stagnatilis). Сите три ја создаваат групата тринги со малку помали црвени или жолтеникави нозе. Перјето во сезоната на парење им е одозгора светлокафеаво, со темнокафеави прошарувања и точки од друга нијанса на кафеаво на вратот и градите.[3]

Распространетост и поведение

уреди
 
Вон сезона на парење

Шумската тринга се размножува во субарктичкте мочуришта од Шкотска, преку Европа и Азија. Таа е птица преселница што зимува во Африка, јужна Азија, Индија и Австралија. Птици скитници се забележани во Тихиот Океан, на Хаваи. Чест посетител е и на Микронезија.[4] Оваа птица обично се среќава крај слатките води додека се сели или зимува. Тие колваат во плитката вода и кал, јадејќи инсекти и други слични помали животни. Гнездата ги прави на земја или користи напуштени гнезда на дрво од други птици.[2] Четири светлозелени јајца ги лежат меѓу март и мај.

 
Tringa glareola
Tringa glareola

Статус

уреди

За овие птици важи Договорот за заштита на африканско-евроазиските миграторни водни птици. Овој вид има статус на најмала загриженост.[5]

Наводи

уреди
  1. BirdLife International (2012). Tringa glareola. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
  2. 2,0 2,1 Hayman et al. (1986)
  3. Hayman et al. (1986), Pereira & Baker (2005)
  4. Hayman et al. (1986), Wiles et al. (2000), VanderWerf (2006), VanderWerf et al. (2006)
  5. BLI (2008)
  • Hayman, Peter; Marchant, John & Prater, Tony (1986): Shorebirds: an identification guide to the waders of the world. Houghton Mifflin, Boston. ISBN 0-395-60237-8
  • Pereira, Sérgio Luiz & Baker, Alan J. (2005): Multiple Gene Evidence for Parallel Evolution and Retention of Ancestral Morphological States in the Shanks (Charadriiformes: Scolopacidae). Condor 107(3): 514–526. DOI:10.1650/0010-5422(2005)107[0514:MGEFPE]2.0.CO;2 PDF fulltext[мртва врска]
  • VanderWerf, Eric A. (2006): Observations on the birds of Kwajalein Atoll, including six new species records for the Marshall Islands. Micronesica 38(2): 221–237. PDF fulltext Архивирано на 15 јуни 2011 г.
  • VanderWerf, Eric A.; Wiles, Gary J.; Marshall, Ann P. & Knecht, Melia (2006): Observations of migrants and other birds in Palau, April–May 2005, including the first Micronesian record of a Richard's Pipit. Micronesica 39(1): 11–29. PDF fulltext Архивирано на 15 јуни 2011 г.
  • Wiles, Gary J.; Worthington, David J.; Beck, Robert E. Jr.; Pratt, H. Douglas; Aguon, Celestino F. & Pyle, Robert L. (2000): Noteworthy Bird Records for Micronesia, with a Summary of Raptor Sightings in the Mariana Islands, 1988–1999. Micronesica 32(2): 257–284. PDF fulltext Архивирано на 23 април 2013 г.
  • Pizzey, Graham and Knight, Frank: The Field Guide to the Birds of Australia. HarperCollins, Sydney. 2012.

Надворешни врски

уреди