Црвенонога тринга

вид птица
Црвенонога тринга
Со перје во сезона на парење
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Бекасови
Семејство: Мочварки
Род: Тринги
Вид: Црвенонога тринга
Научен назив
Tringa totanus
(Linnaeus, 1758)
Синоними

Totanus totanus (Linnaeus, 1758)

Црвеноногата тринга (научTringa totanus) е евроазиска крајбрежна птица од големата семејство на мочварките (научScolopacidae), родот на трингите (научTringa). Ја има и во Македонија.

Со перје вон сезона на парење

Опис

уреди
 
Во лет
 
Две црвеноноги тринги на бетонски столб

Перјето на црвеноногата тринга во сезона на парење е мраморно кафеаво, со црни и сиви дамки и малку посветло одоздола. Зимно време, пак, перјето е посветло, сиво-кафеаво одозгора и речиси бело одоздола. Во лет имаат бели ленти на грбот и на краевите од крилјата. Нозете им се црвени, а клунот црвен со црн врв. Должината на возрасната птица достигнува до 30 см, со распон на крилјата од 65 см, и тежина до 170 г. Животниот век на оваа птица е околу 17 години.

На почетокот од пролетта започнува додворувањето уште за време на летот, при што мажјаците пеат многу мелодично. Во другото време песната им е убаво тју-ли, тју-ли, те-лиее.

Живеалиште и поведение

уреди

Оваа птица е широко распространета во умерена Евроазија. Таа е птица преселница што зимува на бреговите околу Средоземјето, Атлантикот и во јужна Азија. Тие ретко заскитуваат, но им се случува, како на пример, во 1970-тите и во 2000 година во Палау, Микронезија[2]. Црвеноногата тринга е многу бучна и со своето гласно пипикање ќе ги растревожи и сите останати.

Црвеноногата тринга се исхранува со разни безрбетници: инсекти (водни инсекти, бубачки, ларви, муви), мекотели, црви, мали риби и полноглавци. Гнездата ги прават било каде на влажни места, од влажни ливади до солени мочуришта, често и многу густо едни до други. Несат 3-5 јајца.

Статус

уреди

Поради широката распространетост и бројност на видот, спаѓаат во категоријата на најмала загриженост[3]. За овие птици важи Договорот за заштита на африканско-евроазиските миграторни водни птици.

Наводи

уреди
  1. BirdLife International (2012). Tringa totanus. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
  2. Wiles et al. (2006)
  3. BLI (2008)
  • Pereira, Sérgio Luiz & Baker, Alan J. (2005): Multiple Gene Evidence for Parallel Evolution and Retention of Ancestral Morphological States in the Shanks (Charadriiformes: Scolopacidae). Condor 107(3): 514–526. DOI:10.1650/0010-5422(2005)107[0514:MGEFPE]2.0.CO;2 PDF fulltext[мртва врска]
  • Wiles, Gary J.; Johnson, Nathan C.; de Cruz, Justine B.; Dutson, Guy; Camacho, Vicente A.; Kepler, Angela Kay; Vice, Daniel S.; Garrett, Kimball L.; Kessler, Curt C. & Pratt, H. Douglas (2004): New and Noteworthy Bird Records for Micronesia, 1986–2003. Micronesica 37(1): 69-96. HTML abstract Архивирано на 5 мај 2009 г.

Надворешни врски

уреди

  Chisholm, Hugh, уред. (1911). „Redshank“ . Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press.