Блатна тринга

Блатна тринга
Tringa stagnatilis 2 - Laem Pak Bia.jpg
Со зимско перје
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Бекасови
Семејство: Мочварки
Род: Тринги
Вид: Блатна тринга
Биномен назив
Tringa stagnatilis
(Bechstein, 1803)

Блатната тринга (науч. Tringa stagnatilis) е мала крајбрежна птица од семејството на мочварките (науч. Scolopacidae), родот на трингите (науч. Tringa), која се размножува на отворени тревнати површини, во степите и тајгите од источна Европа до централна Азија. Се среќава и во Македонија.

Marsh Sandpiper (Tringa stagnatilis) in Hyderabad, AP W IMG 2400.jpg

ОписУреди

Блатната тринга наликува на малата елегантна златнонога тринга, има долг прав клун и многу долги жолтеникави нозе. Во сезона на парење има сивкавокафени перја на грбот кои се посветли преку зима, а стомакот е светол со кафеникави точки на градите и вратот. Долга е 22 до 26 см има распон на крилјата 55 – 59 см и тежи од 45 до 120 г.[2]

Блатната тринга е птица преселница, повеќето од нив зимуваат во Африка и Индија, а помалку во југоисточна Азија и Австралија. Преферираат слатководни езера и мочуришта и може да се видат сами или во помали јата. Се хранат со инсекти кои ги наоѓаат во калта или со други мали без’рбетници. Договорот за заштита на африканско-евроазиските миграторни водни птици се однесува и на блатната тринга.

 
Tringa stagnatilis

НаводиУреди

  1. BirdLife International (2012). "Tringa stagnatilis". IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
  2. "Marsh Sandpiper". Oiseaux-birds.com. Посетено на 2011-10-19.
  • Hayman, Peter; Marchant, John & Prater, Tony (1986): Shorebirds: an identification guide to the waders of the world. Houghton Mifflin, Boston. ISBN 0-395-60237-8
  • Pereira, Sérgio Luiz & Baker, Alan J. (2005): Multiple Gene Evidence for Parallel Evolution and Retention of Ancestral Morphological States in the Shanks (Charadriiformes: Scolopacidae). Condor 107(3): 514–526. DOI: 10.1650/0010-5422(2005)107[0514:MGEFPE]2.0.CO;2 HTML abstract

Надворешни врскиУреди