Штавенхаген
Штавенхаген (германски: Stavenhagen) — град во округот Мекленбуршка Езерска Област, во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Се наоѓа на 28 километри северозападно од Нојбранденбург. Градот претставува административно седиште на истоимената општинска заедница.
Штавенхаген | |
Книжевен музеј „Фриц Ројтер“ на плоштадот во Штавенхаген | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Мекленбург-Западна Померанија |
Округ | Мекленбуршка Езерска Област |
Месна заед. | Штавенхаген |
Градски единици | 8 |
Градоначалник | Бернд Манке (ДХС) |
Основни податоци | |
Површина | 40,84 км2 |
Надм. височина | 45 м |
Население | 5.803 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 142 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | DM |
Пошт. бр. | 17153 |
Повик. бр. | 039954 |
Портал | www.stavenhagen.de |
Местоположба на градот Штавенхаген во рамките на округот Мекленбуршка Езерска Област | |
Координати | 53°42′N 12°54′E / 53.700° СГШ; 12.900° ИГД |
Градски единици
уредиШтавенхаген е поделен на следниве делови:
|
|
Историја
уредиГрадот е првпат споменат во 1230 под името Штовенхаге (Stovenhage).
Градот бил уништен кон крајот на Триесетгодишната војна во 1648. Големи пожари во 1727 и 1746 исто така уништиле големи делови од градот.
Денешниот замок Штавенхаген (Schloss Stavenhagen) бил изграден во 1740 на основите на претходната тврдина. Градската црква била повторно изградена помеѓу 1774 и 1790, а новото градско собрание било подигнато во 1788. Првата лагер пиварница во Мекленбург била основана во Штавенхаген во првата половина на XIX век.
Фриц Ројтер, познат писател (неговите дела биле помеѓу најпродаваните во неговото време), е роден во 1810 како син на градоначалник. Ројтер е сметан како еден од најзначајните писатели во долногерманската книжевност.
Во 1864, Штавенхаген бил поврзан со железничката мрежа, но железничката линија подоцна била размонтирана како дел од репарациите по Втората светска војна.
Индустрискиот развој кон крајот на XIX век придонел за отворање шеќерана, парна воденица, фабрика за тули, електрична станица, болница и противпожарна станица.
Од 1960, градот поседува музеј посветен на Фриц Ројтер (Fritz-Reuter-Literaturmuseum).
Националната народна армија на Источна Германија поседувала воена база во Базепол од 1974.
Знаменитости
уреди- Книжевен музеј „Фриц Ројтер“ и неговиот споменик пред самата зграда
- Замок Штавенхаген
- Старата синагога, една од неколкуте во Мекленбург кои ја преживеале нацистичкото време
Познати луѓе
уреди- Анке Бемер — спортист
- Берт Папенфус-Горек — писател
- Фриц Ројтер — писател
- Ралф Бартелс — спортист
- Рик Штавенхаген — пивар
Меѓународни односи
уредиШтавенхаген е збратимен со следниве градови:
- Прец (Холштајн), Шлезвиг-Холштајн, Германија (од 1990)
- Вердол, Северна Рајна-Вестфалија, Германија (од 1990)
- Шилале, Литванија (since 1994)
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди„Штавенхаген“ на Ризницата ? |
- Официјална страница (германски)
- Книжевен музеј „Фриц Ројтер“ (германски)
- Синагога Штавенхаген