Шолтвадкерт
Шолтвадкерт (унг. Soltvadkert) — мал град во средишна Унгарија.
Шолтвадкерт Soltvadkert | |||
---|---|---|---|
Поглед од птичја перспектива | |||
Држава | Унгарија | ||
Округ | Бачко-кишкунски | ||
Дистрикт | Кишекерепки Дистрикт | ||
Управа | |||
• Градоначалник | Темерини Ференц | ||
Површина[1] | |||
• Вкупно | 108,86 км2 (42,03 ми2) | ||
Население (2008)[2] | |||
• Вкупно | 7,597 | ||
• Густина | 70/км2 (180/ми2) | ||
Час. појас | СЕВ (UTC+1) | ||
• Лето (ЛСВ) | СЕЛВ (UTC+2) | ||
Поштенски број | 623 | ||
Повикувачки број | +36 78 | ||
Мреж. место | https://soltvadkert.hu/ |
Зафаќа површина од 108,86 квадратни километри.
Географска положба
уредиСе наоѓа во регионот Јужен Алфелд, на 46°34'41" северна географска ширина и 19°23'45" источна географска должина. Селото Селимес, сместено појужно, административно му припаѓа на Солтвадкерт.
Од неколку страни е опкружен со националниот парк Кишкунсаг.
Административно му припаѓа на Буосир (унг. Bőszér).
Клима
уредиСолтвадкерт е познат по долгите и топли лета.
Управна организација
уредиАдминистративно, припаѓа на кирешката микрорегија во Бачко-кишкунскиот Округ. Поштенскиот код му е 6230.
Историја
уредиГрадот е основан во 1376 година.
Турските освојувања го зафатиле и овој град. Во текот на нивното владеење изгубил многу жители.
Во 1740-тите, баронот Орчи доселил германски селани во Шолтвадкерт.
Шолтвадкерт е еден од ретките унгарски градови кој има лутеранска црква во своето средиште. Причината за тоа е големиот број германски доселеници во 1700-тите кои ја изградиле црквата. Слободата на вероисповед, пак, не постоела, а римокатоличкиот надбискуп и неговите слуги од Калоча многупати ја уништувале црквата. Новата лутеранска црква е изградена во 1837 година и сè уште е во добра состојба. Низ вековите околу неа биле изградени училишта и други објекти со црковна намена. Во моментов црквата има три ѕвона во употреба. Внатре во црквата има историска оргули Ригер кои биле поставени во 1908 година. Од другата страна на ѕидот има натпис на германски јазик кој гласи: „Dies ist der Denckstein der evangelica Kirche in Vadkert“ (Ова е камен-темелникот на Лутеранската црква во Вадкерт). По 40 години прогонство, лутеранската заедница сè уште е активна во Шолтвадкерт.
Римокатоличката црква повторно е присутна во Шолтвадкерт од 1737 година. Денес е најголемата христијанска деноминација во градот. Првата црква била изградена во 1700-тите за баронот Леринц Орчи. Од 1908 година се користи и поголемата црква.
Во 1722 година, седум калвинистички семејства се доселиле во Шолтвадкерт од Германија. Други ги следеле во 1740-тите. По долгогодишно верско прогонство, им било дозволено да изградат црква, која ја изградиле и била завршена на 26 септември 1794 година.
Баптистичката мисија започнала во Шолтвадкерт во 1891 година. Од 2000 година, црквата има повеќе од 200 следбеници.
Историјата на Пентекосталната црква во Шолтвадкерт почнува од 1935 година. Пентекосталното движење, кое започнало во 1900 година во САД, дошло во Шолтвадкерт по Првата светска војна .
Пред Втората светска војна, Шолтвадкерт имал голема еврејска заедница која била уништена со холокаустот. Голем број беа убиени, а оние кои успеале да преживеат се преселиле во Будимпешта или ја напуштиле Унгарија.
Градот се нарекува Шолдвадкерт од 1900 година. Порано се викал Вадкерт.
Стопанство
уредиШолтвадкерт е средиште на еден од најголемите лозарски краишта во Унгарија, а бил познат низ цела Европа по своето производство на вино. Историски, важноста на лозарството и винарството го одредила стопанскиот живот на овој град, а како резултат на тоа, виновата лоза се наоѓа на грбот на градот.
Винова лоза од различни сорти е засадена на над 8 илјади хектари. Годишното производство е околу 250-300 илјади хектолитри вино.
Езерото Вадкерт (исто така наречено Büdös-tó) се наоѓа во близина на Шолтвадкерт. Тоа е омилено одредиште за туристите од цела Европа.
Население
уредиВо Шолтвадкерт живеат 7782 жители (2001 г ).
Националниот состав во 2001 година бил:
Збратимени градови
уредиНаводи
уреди- ↑ Soltvadkert at the Hungarian Central Statistical Office (Hungarian).
- ↑ Soltvadkert at the Hungarian Central Statistical Office (Hungarian). 2008
Надворешни врски
уреди- Шолтвадкерт на Ризницата ?
- Матична страница in Hungarian
- 2006 election results in Hungarian
- Vadkertinfo Архивирано на 21 октомври 2020 г. Local News in Hungarian