Швајцарски фолклор

Швајцарскиот фолклор е збир на локални приказни, прослави и обичаи на алпските и супалпските народи кои живеат во Швајцарија. Швајцарија е составена од неколку различни култури и население кое зборува германски, француски, италијански , како и реторомански во кантонот Граубинден. Секоја група има своја посебна фолклорна традиција.

Модерен карневалски костим од Базел. Карневалот Фаснахт е мешавина на христијански и претхристијанските верувања.

Швајцарија е крстопат на Европа. Иако како сојуз и земја постои од 1291, швајцарската култура и народ постоеле и пред тоа. Пред Швајцарија, регионот бил населен со пагани а подоцна со христијански германски племиња, од кои ќе изникне Швајцарија. Пред германските народи, регионот бил населен со Римјани и гало-римско население. Најпосле, уште пред Римјаните, во овој регион што ќе стане подоцна Швајцарија живеело келтското племе Хелвети. Во поглед на освојувањата, Швајцарија била крстосница на Европа, уште од Римското Царство. Постојаното движење на културите и идеи во Швајцарија создале богата и разновидна фолкорна традиција.

Проучувањето на фолклорот (Фолклористика) во германскиот јазик е познат како Volkskunde. Студијата на швајцарскиот фолклор потекнува од 19 век. Централната фигура на неговиот академски развој е Едуард Хофман-Крајер, кој го основал Швајцарското здружение за фолклор во 1896 година.

Фолклор и обичаи

уреди
 
Тацелвурм фонтаната во Коберн-Гондорф.

Митски суштества

уреди

Барбгази

уреди

Барбгази (или барбегази) се митски суштества од швајцарската и француската митологија. Налик на џуџе или гном, барбгази е мало влакнесто (крзнено) човече со долга брада и огромни стапала.Името барбгази (француски: barbegazi) најверојатно потекнува од францускиот збор barbe-glacée, што значи "замрзната брада".[1] Па така, ова џуџе може да се сфати како „снежен човек“ (тип на јети). Со нивните огромни стапала лесно можат да скијаат на снегот. Поради белото крзно можат лесно да се сокријат во снежната белина без да бидат видени. Тие го прават својот дом со скијање со своите масивни нозе, или ги користат како снежни топки. Во лето доаѓаат во пештери и тунели и не излегуваат до првиот снег. Сакаат големи надморски височини и ниски температури, па ретко среќаваат луѓе. Тие се срамежливи и добродушни. Понекогаш им помагаат на пастирите да ги најдат изгубените овци. Најголема возбуда им е лизгањето по лавини каде, сакајќи да бидат полезни, се обидуваат да ги ископаат луѓето од снегот.

Бертолд и Берта

уреди

Бертолд (или Берхтолд) е машката варијанта[2] на суштеството наречено Берта (Перхта или Берхта). Таа е божество во германската паганска митологија, водачка на Дивиот лов. Претставена е со бела наметка и со маска. Во описите се појавува со две форми. Некогаш како млада девојка бела како снегот а некогаш како збрчкана старица облечена во партали. Во приказните, таа ги брка лошите духови. Во современата култура Перхта е отсликана како "дарител на дарежливите, казнувач на лошите, особено лажливите деца". Нејзиниот фестивал се прославува на 6 јануари[3]. Следбениците на Перхта се Перхтени. Во една област во Австрија секоја зима се одржуваат паради на “убавите Перхтени“ (германски: Schönperchten) и на „грдите Перхтени“ (Schiachperchten). Убавите маски се носат за привлекување финансиска добивка а грдите маски се носат за бркање на лошите духови.[4]

Коболд

уреди

Коболд е суштество од германската митологија и до денес живее како традиција во германскиот фолклор. Обично е невидливо, но може да се материјализира во животно, оган, човечко суштество и свеќа. Најчестите претстави на коболд се во човечка фигура со големина на мали деца. Оние што живеат во куќи носат облека како селаните. Оние што живеат во рудниците се повредени и грди а тие кои живеат на бродовите пушат лулиња и носат морнарска облека. Легендите раскажуваат за три главни типа коболди. Најчесто, тие се домашни духови на семејството кои можат да бидат и добри и лоши. Понекогаш помагаат и ги вршат домашните работи, другпат, доколку бидат навредени или занемарени, прават злобни трикови.

 
Традиција на фестивалот Зексилојтен

Други ликови се:

  • Џуџиња. Опишани како среќни и корисен, тие одгледуваат добиток и произведуваат магични сирења[5]
  • Мали змејови (или Драгонет). Се појавиле во приказни од средниот век.
  • Самиклаус. Води магаре натоварено со бонбони и играчки за децата.
  • Тацелвурм. Суштество кое наликува на гуштер, со глава на мачка и тело на змија. Наводно, фотографирано од страна на швајцарскиот фотограф по име Балкин во 1934 година.[6]
  • Вогел Гриф ( Грифин)
  • Шнабејгејс, висока коза со клун на прославата Уберзиц, на Божиќ.

Фестивали

уреди
 
Плашилото во вид на снешко на фестивалот во Цирих
  • Бертолдстаг, фестивал во чест на Берта или Бертолд
  • Зексилојтен (германски: Sechseläuten) е пролетен фестивал во Цирих кој се одбележува на третиот понеделник во април на кој се гори зимата претставена во облик на плашило (Böögg), прикажано како огромен снешко.
  • Ајн-цвај-гејсебај, карневалски настан за деца во Раперсвил
  • Фаснахт (или Фастнахт) е карневал пред големите Велигденски пости[7].
  • Клаусјаген, фестивал на денот на Св. Никола.
  • Чегете (Tschäggätä)[8] е карневал кога жителите во селата бучно парадираат носејќи страшни дрвени маски, облечени во кожи од животни и тропајќи на ѕвонци.

Обичаи

уреди
  • Традиционални свадбени подароци во Симентал, во Бернско високогорје, во вид на виљушка која го симболизира машкиот елемент на свадбата. Подоцна, магична кофа која го симболизирала женскиот дел. Овој обичај бил објавен во еден италијански зборник за алпската култура во 1860, но не е познато дали сè уште е во употреба[9]
  • "Репкасти фенери" (Rääbeliechtli ) се рачно изрезбани фенери од репа. Репката се длаби и се украсува со шари а потоа се пали свеќа внатре за репката да личи на фенер. Децата од селата шетаат низ улиците на нивниот град со фенерите и пејат традиционални песни. Обичајот потекнува од традицијата на денот на благодарноста а крајот на жетвата во ноември.[10]

Бајки

уреди
  • .Распеаната елка, швајцарската бајка[11].

Легенди

уреди
 
Манастирот на Св. Гал, основан на местото на неговото ермитаж

Во легендите на Швајцарија се споменуваат историски и легендарни личности и места кои ја оформиле историјата и културата на нацијата.

Христијанизација

уреди
  • Свети Гал, ирски монахот кој во почетокот на 7 век помогнал да се воведе христијанството во источна Швајцарија. Опатијата Св. Гал се верува дека е изградена на местото на неговиот ермитаж.[12]
  • Магнус од Фисен, мисионерски светец во јужна Германија. Тој живеел во 7 или 8 век и се смета за основач на Опатијата Св. Магнус.[13]
  • Свети Фридолин, патрон на Гларус. Тој традиционално се верува дека бил ирскиот светец кој ја основал Опатијата во Баден, во 6-от или 7-от век. Според легендата, тој го покрстил земјопоседникот којшто потоа на Фридолин му го оставил неговиот имот, сега кантонот Гларус. Кога братот на земјопоседникот сакал да го оспори ваквиот подарок, Фридолин го кренал земјопоседникот од мртвите за да се потврди неговиот легитимитет.[14]

Стар Швајцарски Сојуз

уреди
 
На фреска се покажува Вилијам Тел и неговиот син откако тој го погодил јаболкото кое му стоело на главата.
  • Теуфелбрик (германски: Schöllenenschlucht, или според изговорот во регионот: Schöllenen) е мост кој наводно беше подигнат од ѓаволот.
  • Вилијам Тел е швајцарски народен херој, кој требал да погоди јаболко кое тиранскиот хабсбурговски фогд го ставил врз главата на неговиот син. Откако успешно го погодил јаболкото и побегнал, тој го убил фогдот и почнал револуцијата.[15] Вилијам Тел станал централна фигура на швајцарскиот патриотизам кој се изградил во текот на Реставрација на Конфедерацијата по Наполеонскиот период.
  • Ритлишвур, легендарна заклетва на Старата швајцарската конфедерација, која се случила на Ритли, ливада над езерото Луцерн, помеѓу тројца претставници на Швиц, Ури и Утервалден. Тоа е поврзано со легендата за Вилијам Тел.
  • Арнолд Винкелрид е легендарен херој на швајцарската битка кај Семпах, против хабсбуршкиот војвода Леополд III од Австрија. Според приказната, кога швајцарската војска не можела да ја пробие австриската, Винкелрид себеси се жртвувал и Швајцарците извојувале победа. Иако постоењето на Арнолд Винкелрид е спорно, приказната била централен дел на швајцарскиот патриотизам во 19 век.
  • Брудер Клаус бил швајцарски монах и аскет, кој се сметал за светец-заштитник на Швајцарија. Во 1481 водачите на Стариот Швајцарски Сојуз почнале да се караат за богатството од Бургундските војни и се чинело дека ќе избувне граѓанска војна. Тоа му го кажале на Брудер Клаус кој испратил тајна порака до раскараните водачи. Пораката чија содржина не се знае, ги смирила водачите и придонела за проширувањето на Конфедерацијата.[16]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Bane, Theresa (2013-09-04). Encyclopedia of Fairies in World Folklore and Mythology (англиски). McFarland. ISBN 9780786471119.
  2. Grimm, Jacob (1882). Deutsche Mythologie 4th ed. [1875]. Trans. James Stallybrass Grimm's Teutonic Mythology Volume 1. Во неговата машка варијанта суштеството се среќава во бајките на браќата Грим.
  3. Hopkin, David. "Folklore and the Historian", The Folklore Historian, Vol. 17, Simon Bronner, 2000
  4. „Gallon, Stephanie. "Christmas Demons II - Krampus and Perchta", International Gothic Association, December 18, 2014“. Архивирано од изворникот на 2016-10-08. Посетено на 2017-11-08.
  5. [1] Keightley, Thomas (1870). The Fairy Mythology Illustrative of the Romance and Superstition of Various Countries.
  6. Heuvelmans (2014-07-10). On The Track Of Unknown Animals (англиски). Routledge. ISBN 9781317848127.
  7. Customs and Traditions in Switzerland 
  8. Customs and Traditions in Switzerland accessed 20 May 2008
  9. POPOLI DEL MONDO USI E COSTUMI. Europa. MILANO VALLARDI S.D., 1913, p. 26.
  10. Plättner, Anya (15 November 2006). „Rääbeliechtli, wo gaasch hii?“. Fricktal24.ch. Посетено на 6 February 2012.
  11. Stone, Marti; Root, Barry (1992). The singing fir tree: a Swiss folktale (англиски). New York: Putnam. ISBN 0399222073.
  12.   „St. Gall“ . Catholic Encyclopedia. New York: Robert Appleton Company. 1913.
  13.   „St. Magnus“ . Catholic Encyclopedia. New York: Robert Appleton Company. 1913.
  14. Leo, Hermann (1886). Der heilige Fridolin. Herder. стр. 163–167.
  15. Meyers Konversations-Lexikon, Verlag des Bibliographischen Instituts, Leipzig und Wien, Fourth edition, 1885–1892, entry on "Tell, Wilhelm," pp. 576–77 in volume 15. In German.
  16. „Stanser Verkommnis“ на германски, француски и италијански во „Историски речник на Швајцарија“.