Во германската митологија џуџе е суштество кое живее на планини и во земја, и се асоцира со мудрост, ковачки занает, рударство и занаетчиство. Тоа е ниско, стројно, крупно и силно човеколико суштество во нордиската митологија, како и други германски митологии, сказни, научна фантастика а исто така се застапени и во видеоигрите.

две џуџиња опишани во изданието од 19 век на Еда (поезија) поема Волуспа (1895) од Лоренц Фролих

Во митологијата, џуџињата многу личат на луѓето, но претпочитаат да живеат под земја или во планинските области. Во литературата и видеоигрите, на џуџињата им се препишуваат способноста да гледаат во мрак и други видови приспособувања за да живеат под земја. Тука тие го собираат богатството составено од злато, сребро и скапоцени камења, и го поминуваат нивното време во ковање на скапоцено оружје и оклоп. Тие се познати рудари и ковачи, но исто така се вешти и во било кој друг занает. Обично се пониски од луѓето, стројни и крупни и многу влакнести со големи бради. Иако бавно трчаат и не се вешти јавачи, се вели дека џуџињата се одлични воини и бранители на своите упоришта. Некои митови и видеоигри, исто така им ја препишуваат на џуџињата способноста на создаваат магични предмети. Во нордиската митологија, на пример, џуџињата ковачи создале некои од најголемите и најмоќните предмети, вклучувајќи го и магичниот синџир со кој го оковале волкот Фенрир.

Џуџињата како мотив во уметноста и во популарната култура

уреди

Наводи

уреди
  1. Драган Георгиевски, Метаморфузија, Темплум, Скопје, 2013.
  2. Ѓорѓи Крстевски, Другата страна. Скопје: Бегемот, 2019, стр. 42.
  3. Летаат приказни. Скопје: Темплум, 2019, стр. 13.
  4. The John & Space Rebel Gang, PMG Recordings #99.
  5. Discogs, Pink Floyd ‎– The Piper At The Gates Of Dawn (пристапено на 25.2.2021)
  6. Discogs, Haustor – Treći svijet (пристапено на 24.12.2022)[мртва врска]

Надворешни врски

уреди