Јети (англиски: Yeti), познат уште како страшен снежен човек (Abominable Snowman), е измислено суштество кое наводно живее на Хималаите. Западното име го добил по тибетанскиот збор yeh-teh - „мало човеколико животно“. Тоа е погрешен превод на староанглискиот збор geottan (yettin на модерен англиски) што значи вид на трол или на орк.

Цртеж на Јети

Многу признати научници, истражувачи и писатели искусни во оваа област сметаат дека доказите за постоењето на Јети се многу слаби и дека тука се работи или за измама или за легенда, или пак за погрешна идентификација за некој веќе познат вид. Меѓутоа, Јети и понатаму се смета за едно од најпознатите криптозоолошки суштества.[1]

Наводи

уреди
  1. Napier, John (2005). Bigfoot: The Yeti and Sasquatch in Myth and Reality. London: N. Abbot. ISBN 978-0-525-06658-3.

Надворашни врски

уреди