Француски фолклор

Францускиот фолклор ги опфаќа басните, народните приказни, бајките и легендите на Галите, Франките, Норманите, Бретонците, Окситанците и другите народи кои живеат во Франција.

Фолклорот од средниот век

уреди

Окситанската книжевност биле песни, поезија и литература во Окситанија што е денес југот на Франција, од каде потекнува поезијата на 11-ти и 12-от век, и која ја инспирирала традиционалната литература низ средновековна Европа. Овие стари поеми и песни со расцут во 12 век се добро познатите песни на трубадурите:

Трубадурски песни

уреди
  • Песните на трубадурите се песни, поезија и раскази на трубадурите, кои биле композитори и изведувачи во текот на средниот век. Процут доживеале за време на 11 век и од јужниот дел на Франција се рашириле низ Европа. Нивните песни се занимаваaт главно со теми на витештвото и дворската љубов. Неколку утврдени категории на поезија и песна биле:
    • Канцона. Песна за љубовта.
    • Сирвентес. Песна за војната, политиката, моралот, сатирата, хуморот и за други нељубовни теми.
    • Тенсо и партимент. Дијалог или дебата меѓу поетите
    • Плањ. Тажалка или песна за оплакување на смртта.
    • Пасторела е песна за додворување и за освојување на љубовта на овчарка.
    • Алба е жална песна за разделба на љубовниците.

Труверски песни

уреди

Песните на труверите се песни и поезија на поетски композитори кои биле под влијание на трубадурите, но нивните дела ги компонирале на северните француски дијалекти. Првиот познат трувер бил Кретјен од Троа (1160-1180),[1] а таквиот вид поезија цветал до околу 1300 година. Зачувани се околу 2130 труверски песни, а најмалку две третини од нив имаат мелодија.

Епски раскази

уреди

Втората форма на легенда во Франција во текот на средниот век била епската поезија, делумно историска и делумно легенда со теми за создавањето на Франција, војната, кралството и важните битки. Овој жанр (на француски: chansons де geste) се јуначки песни посветени на херојските подвизи. Јуначките песни, во најголем дел му биле посветени на Карло Велики, и пееле за историјата и основањето на Франција од страна на Франките. Некои од легендарните и значајни теми биле:

 
Извадок од ракописот Романот за лисицата (13 век)
  • Карло Велики, митолошки крал
  • Битката кај Ронсево
  • Бајар - легендарниот коњ
  • Дурандал - магичен меч на Ролан, главен паладин на Карло Велики
  • Песната за Роланд
  • Ион од Бордо (околу 1215-1240)
  • Моргана и синот Оберон
  • Рено од Монтобан

Животински басни, потсмешливи епови

уреди

Друг фолклор во средниот век биле басните, потсмешливите епови и животински народни приказни, особено:

  • Романот за лисицата (околу 1175) на Перу од Сен Клод, потсмешлив еп, првото познато појавување на следните животни:
  • Ренар (Итриот лисец) во литературата и фолклорот, антропоморфни басни за итрата лисица

Сатирични приказни од Рабле

уреди

Франсоа Рабле, 1494-1553, ги напишал:

Бајките

уреди

Француски приказни, повеќе се познати по нивните книжевни отколку нивните народни, усни варијанти. Перо речиси сите свои приказни ги црпел од народни извори, но ги преобликувал да бидат погодни за публиката од повисоката класа, отстранувајќи ги нивните рустични елементи. Собирањето на народните приказни како такво започнало околу 1860 година, но било поплодно во неколкуте следни децении.

Бајките на Перо

уреди

Собраните приказни од Шарл Перо (1628-1703):

Бајките на Мадам Долноа

уреди

Собраните приказни од Мари Кетрин Долноа, 1650/1–1705:

Од Бајки (француски: Les Contes des Fées) (1697) Од "Нови сказни, или Модерни бајки (француски: Contes Nouveaux ou Les Fées a la Mode) (1698)
  • Бабиол
  • Пепелавата Финета (Finette Cendron)
  • Убавка и Персине (Gracieuse и Percinet)
  • Принцезата Пролетка (La Princesse Printaniere)
  • Принцезата Розета (La Princesse Rosette)
  • Пчелата и портокалот (L'Oranger et l'Abeille)
  • Добрата жаба  (La Grenouille bienfaisante)
  • Сината птица (L'Oiseau bleu)
  • Престолонаследникот
  • Среќната девојка (Fortunée)
  • Лошиот принц (Le Prince Lutin)
  • Доброто мало глувче (La bonne petite souris)
  • Овцата  (Mouton)
  • Златнокоса убавица (La Belle aux cheveux d'or)
  • Жолтото џуџе (Le Nain jaune)
  • Срната во шумата (La Biche au bois)
  • Од убава поубава или Среќниот витез (Belle-Belle ou Le Chevalier Fortuné)
  • Зелената змија (Serpentin vert)
  • Белата мачка (La Chatte Blanche)
  • Златната гранка (Le Rameau d'Or)
  • Гулаб и гугутката (Le Pigeon et la Colombe)
  • Принцот Вепар (Le Prince Marcassin)
  • Принцезата Ѕвездичка (La Princesse Belle-Étoile)

Бајки од Сувестр

уреди

Собраните приказни од Емил Сувестр (1806-1854):

Други бајки

уреди
  • Убавицата и ѕверот - првата верзија објавена од страна на Габриела-Сузан Барбо де Вилнев, 1740.
  • Волшебната јаболкница
  • Гоблинско пони - оваа сказна е преведена на англиски во Сивата бајкозбирка на Ендру Ланг 1900.
  • Квакањето на патката (француски: Bout-d’-Canard) оригинално напишана од Шарл Марел во 1888 година, а преведена на англиски како Quackling во Црвената бајкозбирка на Ендру Ланг, 1890 година.
  • Славни самовили (француски: Les Fées Illustres), на англиски преведен во Жолтата бајкозбирка на Ендру Ланг, 1894 под наслов The Wizard King.

Народни легенди

уреди
  • Легендата за Светиот грал. (француски: Lancelot-Grail, познато и како Prose Lancelot), е главниот извор на француската пишана легенда за кралот Артур. Тоа е серија на 5 тома во проза која раскажува за потрагата на Светиот грал како и за романсата на Ланселот и Жиневер. Во поголем дел легендата датира од раниот 13 век.
  • Каменот на мудроста на Никола Фламел

Легендарни суштества

уреди
  • Ѕверот од Жеводан
  • Брауни на езерото
  • Говен (коњ)
  • Коњот Мале - прекрасен и злото коњ
  • Даху
  • Белите жени, вид на жени духови
  • Европски змеј
  • Фае - односно Самовила
  • Гоблински јаз - е "гоблинска дупка", легендата за дупката и подземен тунел во Мортен, Франција.
  • Гаргуј - легендарниот змеј
  • Гаргула - ѕвер
  • Гоблини
  • Лутен - вид весел гоблин
  • Матагот - дух во вид на животно, обично една мачка
  • Мелузин - женски дух на свежи води
  • Моргана - Во почетокот на Легендите на Карло Велики, најмногу е позната по поврзаноста со Холгар Дански, кого го зема на нејзиниот таинствен остров да ѝ биде љубовник. Кај Ион од Бордо, Моргана и Јулиј Цезар му се родители на Оберон.
  • Оберон - Кралот на самовилите. На почетокот на Легендите за Карло Велики, кај Ион од Бордо тој е син на Моргана и Јулиј Цезар.
  • Ренар - итрата лисица.
  • Тараск - легендарниот змеј
  • Врколак
  • Вудвоз - Дивјак (или Вадваз, див човек)

Друг фолклор

уреди
  • Игрите со мечка
  • Жената со змии
  • Кралот Урсус
  • Маријана - национален амблем на Франција
  • Дивиот лов

Фолклористи

уреди

Жак-Мари Руже

уреди
  • Раскази и легенди од Лоара (1950)[2]
  • Фолклорот на Турена(1923)[3]

Алфред Лезнел де ла Сал (1801-1871)

уреди

Верувања и легенди од централна Франција (19 век).

Поврзано

уреди

Библиографија

уреди
  • Bonner, Anthony, ed. Songs of the Troubadours. New York: Schocken Books, 1972
  • Michèle Simonsen, Le conte populaire français (« Que sais-je », n° 1906), Paris, PUF, 1981.

Наводи

уреди
  1. 1957-, Knighton, Tess; David., Fallows (1997). Companion to medieval and renaissance music. New York: Oxford University Press. ISBN 0198165404. OCLC 37156298.CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)
  2. Contes et légendes des pays de Loire ; Robert Vivier; Jacques-Marie Rougé; E Millet; Tours : Éditions Arrault, 1950.
  3. Le Folklore de la Touraine, Arrault et Cie éditeurs, Tours (1re édition couronnée par l'Académie française en 1923 avec le prix Montyon, 2e édition revue et augmentée en 1943, 284 pages).

Надворешни врски

уреди