Вилијам Тел (германски: Wilhelm Tell; француски: Guillaume Tell; италијански: Guglielmo Tell) — легендарен херој чие вистинско (историско) постоење е под знак прашалник. Се вели дека живеел во почетокот на 14 век во швајцарскиот кантон Ури.

Споменик на Вилијам Тел со неговиот син во швајцарскиот град Алтдорф (Рихард Кислинг, 1895).

Предание

уреди

Вилијам Тел од Бирглен бил познат како одличен стрелец. Во негово време, Хабсбурговците сакале да го заземат Ури. Херман Геслер, новоименуваниот австриски фогт (поглавар) на Алтдорф, подигнал столб на главниот плоштад во селото, на чиј врв ја закачил својата капа. Барал сите селани да се поклонат пред неа. Кога Тел поминал покрај неа без да се поклони, бил уапсен. Како казна за непоздравувањето на капата требало со стрела да погоди јаболко на главата на неговиот син Волтер. Во спротивно и двајцата би биле погубени. На Тел му била ветена слобода доколку го погоди јаболкото. На 18 ноември 1307 година, Тел го преполовил плодот само со една стрела. Геслер потоа го прашал зошто има уште една стрела во корицата. Тел му одговорил дека ако го погодел синот, ќе го свртел лакот кон него. Геслер бил толку разлутен од одговорот што го врзал Тел со синџири и го испратил со брод во неговиот замок во Киснахт. Во невремето на Фирвалдштатското Езеро,Тел успеал да побегне. Отишол по копно во Куснахт, го чекал Геслер да пристигне и го убил со стрела.

Пркосот на Тел поттикнал бунт што довело до основање на старата швајцарска конфедерација, претходник на швајцарската држава.

Се вели дека Вилијам Тел се борел во битката кај Моргартен во 1315 година. Умрел во 1354 година, додека се обидувал да спаси дете што се давело од планинската река Шехенбах во Ури.[1] Има и фреска од 1582 година во капелата во Бирглен што го прикажува настанот.

Тел во уметноста

уреди

Вилијам Тел е исто така насловот на последната опера на Росини (1829), која се заснова на литературен предлог - драмата Вилхелм Тел од Фридрих Шилер.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Meyers Konversations-Lexikon, Verlag des Bibliographischen Instituts, Leipzig und Wien, четврто издание, 1885-1892, на »Tell, Wilhelm«, стр. 576-77.

Надворешни врски

уреди