Кирсан Иљумжинов
Кирсан Николаевич Иљумжинов (руски: Кирсан Николаевич Илюмжинов) (р. 5 април 1962) — руски политичар и поранешен претседател на ФИДЕ (Светската Шаховска Федерација), од 1995 година и поранешен претседател на Република Калмикија (во рамките на Руската Федерација) од 1993 година[1] до 2010 година. Тој се стреми да стане авторитарец со „Азиски вредности“ по примерот на Сингапур, Кореја и Кина (иако неговата република се наоѓа во јужна Русија, т.е. во Европа). Тој има потрошено милиони на шах, религија, изградба на католичка црква по инцијатива на Папата Јован Павле. Има изградено и џамија, синагога, 22 православни цркви и 30 будистички храмови.
На 2 јуни 2006, Иљyмжинов бил реизбран за претседател на ФИДЕ со 96 наспроти 54 против неговиот противник Бесел Кок. Гари Каспаров го има остро критикувано за неговиот вертикален и авторитативен начин на управување со ФИДЕ - дотаму што ретко кој спонзор се нафаќа да работи со него.[2]
Во изборната платформа за претседател на Калмикија, тој ветувал мобилен телефон за секој овчар и признание за неговото верување дека го имаат одведено вонземјани.
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Биографија во „New Times“ Архивирано на 21 февруари 2006 г. (англиски)
- Симнете ја книгата The President's Crown of Thorns од Кирсан Иљyмжинов (англиски)
- Кирсан Николаевич Иљyмжинов во стрип од 1995 (руски)
- Биографија на Chess Base (англиски)
Претходник Флоренсио Кампоманес |
Претседател на ФИДЕ 1995–2018 |
Наследник Аркадиј Дворкович |