Шарл Кро
Шарл Кро (Фабрезан, 1 октомври 1842 — Париз, 9 август 1888) е француски пронаоѓач и поет. Шарл Кро го поставил теоретското решение на Палеофон и решавање на проблемите за фотографиите во боја. Сепак, тој умрел во сиромаштија и никогаш не бил признат, поради повлијателни и повеќе финансирани конкуренти. Со својата теориска работа, тој многу придонел за употребата на звучното снимање. Во Франција постои академија и музеј во чест на овој пронаоѓач.
Животопис
уредиРоден бил во 1842 година во Фабрезан, Пиринеи, од татко филозоф и правник. Шарл имал двајца постари браќа, Антони кој бил доктор и Хенри, по струка вајар. Уште од детството покажал интересирање за различните области на знаења. Работел како учител за музика и сликарство, студирал медицина и проучувал теологија. Од 1863 година се занимавал со книжевност и технички пронаоѓања. Шарл го сакал боемскиот, париски живот и во тоа време се сретнал со девојката на која и посветил голем дел од својот живот - Нина де Виар. Во 1867 на светската изложба во Париз претставил автоматски телеграф. На 27 години, Чарлс објавил научна работа под името „Генерално решавање на проблемите за фотографии во боја” и „Преглед на можните врски со планетите”. Во 1877 тој го испратил палеофонот во Академијата на науките во Франција - еден од претходните уреди за грамофон. Оваа идеја ја смислил пред Томас Алва Едисон. После раскинувањето со Нина, се оженил со Мери Хиардемал, со која је имал двајца синови. Умрел во Париз во 1888 година.
Поезија
уреди- Le Coffret de santal (1873 and 1879)
- Plainte (1873)
- Le Fleuve (1874)
- La Vision du Grand Canal des Deux Mers (1888)
- Le Collier de griffes (posthumous, 1908)