Чука (Тополчани)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Чука

Карта

Местоположба 41°13′28″N 21°25′48″E / 41.22444° СГШ; 21.43000° ИГД / 41.22444; 21.43000
Основни податоци
Место Тополчани
Општина Прилеп
Тип

 населба


Период неолитско време
среден век
Портал „Археологија“

Чукаархеолошко наоѓалиште во прилепското село Тополчани. Претставува населба од неолитот, како и јами од средниот век.

На 300 м југозападно од селото, на самата траса на старата железничка пруга Прилеп-Битола има ниска тумба на која во 1958 и 1975 година се извршени ископувања. Откриени се остатоци од населба со множество фрагменти од керамички садови украсувани со барботин, импресо и сликање со бела боја врз црвена основа, која временски и културно му припаѓа на средниот неолит во Пелагонија, односно на Велушко-породинската културна група.

Исто така, веднаш под хумусниот слој биле откриени две јами, едната со пречник од 1,45 м, а другата од 1,80 м, во кои се најдени фрагменти од средновековна керамика.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 314. ISBN 9989-649-28-6.