Чешмите (Мешеишта)
археолошко наоѓалиште во Македонија
„Чешмите - Магда“
| |
Местоположба | 41°14′18″N 20°46′36″E / 41.23833° СГШ; 20.77667° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Мешеишта |
Општина | Дебрца |
Тип |
|
Период | доцноантичко време |
Портал „Археологија“ |
Чешмите - Магда — археолошко наоѓалиште во селото Мешеишта во областа Дебрца. Претставува населба и некропола од доцноантичкото време. Источно и југоисточно од двете селски чешми, во западната половина на селските гробишта и во непосредната близина на куќите на Богдан Крцкоски, Сидор Тупанчески и Димко Костоски, при копањето на темели во 1957 година биле откриени повеќе гробови градени од тегули – тип „на две води“. Исто така биле откриени и остатоци од темели на објекти градени од кршен камен и варов малтер. На наоѓалиштето се најдени монети, а по површината се забележуваат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал.[1]
Поврзано
уреди- Горно Поле — населба од доцноантичкото време;
- Горно Црквиште - На Мартинец — средновековна црква;
- Зад Лозја — доцносредновековна населба;
- Криви Загони - Лозишта — некропола од доцноантичкото време;
- Редеш — населба од доцноантичкото време;
- Св. Илија — населба од железното време и средновековна црква;
- Црвени Брегови — раносредновековна црква и некропола;
- Црква Св. Петар — доцносредновековна црква и некропола;
- Црквиште — средновековна црква и некропола;
- Чешмите - Магда — населба и некропола од доцноантичкото време;
- Мешеишта;
- Список на археолошки наоѓалишта во Дебрца;
- Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
уреди- ↑ Коцо, Димче; Грозданов, Цветан (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 252, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |