Черепни

Черепните (науч. Craniata) се предложен клад на хордови животни во кој спаѓаат потколената лигави јагули (Myxini), змиулковидни (змиулки и изумрени роднини) и виличните ‘рбетници[2][3]. Како што вели името, черепните се животни со череп, кој може да биде тврдокоскен или ‘рскавичен.

Черепни
Период: ран камбриум - денес
Тихоокеанска лигава јагула
Научна класификација [ у ]
Царство: Животни
Тип: Хордови
(нерангирано): Черепни
Linnaeus 1758[1]:240
Потколена

змиулковидни (Petromyzontida) (спорно)
лигави јагули (Myxini)
’рбетници (Vertebrata)

Особености

уреди

Во наједноставна смисла, черепните се хордови животни со глави, па затоа ова ги исклучува животните од хордовите потколена плаштари и бесчерепни, но ги опфаќа лигавите јагули, кои имаат ‘рскавични черепи и забести образби составени од кератин. Во черепните спаѓаат и сите змиулки и оклопни безвилични риби, оклопни риби, бодликави ајкули, ајкули, раи и лизгачи, коскени риби, водоземци, влекачи, птици и цицачи. Главата на черепните се состои од мозок, сетилни органи (вклуч. очи) и череп.[4][5]

Покрај својствените черепи, черепните имаат и многу други изведени особености кои го имаат овозможено развојот на други сположени елементи. Молекуларно-генетската анализа покажува дека, во споредба со попростите животни, черепните имаат развиено дуплирани комплети од голем број на семејства на гени што се занимаваат со клеточна сигнализација, транскрипција и морфогенеза.[2]

Черепните животни се многу поактивни од плаштарите и бесчерепните и поради тоа имаат поголеми метаболични потреби, како и неколку анатомски приспособувања. Водните черепни животни имаат жабрени засеци кои се поврзани со мускулите и нервите што испумпуваат вода низ засеците (наспроти бесчерепните, чии грлени засеци се користат само за процедување) и со тоа служат како за прехрана, така и за размена на гасови. Хранопроводот е обложен со мускули, туркајќи ја храната до стомакот. Тоа им има овозможено на вишите черепни како цицачите да развијат посложени системи за варење и со тоа да ја усовршат ефикасноста. Черепните имаат крвоточен систем со срце со две или повеќе комори, црвени крвни зрнца и хемоглобин за пренос на кислород, како и бубрези.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Donoghue, Phillip C. J.; Forey, Peter L.; Aldridge, Richard J. (2000). „Conodont affinity and chordate phylogeny“. Biological Reviews. 75 (2): 191–251. doi:10.1017/S0006323199005472. PMID 10881388.
  2. 2,0 2,1 2,2 Campbell & Reece 2005 стр. 676
  3. Cracraft & Donoghue 2004 стр. 390
  4. Campbell & Reece 2005 стр. 675-7
  5. Parker & Haswell 1921