Цефаласпидоморфи

Цефаласпидоморфи
Реконструкција на Cephalaspis lyellii
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Chordata
Нерангирано: Craniata
Нерангирано: Cephalaspidomorphi
Подгрупи

Osteostraci
Galeaspida
Pituriaspida
Anaspida
Hyperoartia - змиулки (оспорено)

Цефаласпидоморфите (Cephalaspidomorphi или Cephalaspidomorpha) сочинуваат таксон на безвилични ‘рбетници именувани по цефаласпидите, кои се група на коскоштитни (Osteostraci). Повеќето од членовите на оваа група се изумрени, но, таа е од голем интерес за биолозите, бидејќи би можела да ги вклучи и змиулките. Доколку е вака, змиулките би го продолжиле времето на постоење на оваа група од силурот и девонот до денес.

Систематика

уреди

Во 1920-те, биолозите Киаер и Стенсјо најпрво во Cephalaspidomorphi ги вклучиле коскоштитните, безштитните (Anaspida) и змиулките, бидејќи сите три групи споделуваат единечна грбна "ноздра", сега позната како назохипофизарен отвор.

Оттогаш мислењата за врските меѓу безвиличните ‘рбетници се најразлични. Повеќето автори ги сметаат безвиличните ‘рбетници за парафилетска група од која се развиле ‘рбетниците со вилица. Поради заедничките одлики како што се парните перки, потеклото на ‘рбетниците со вилица може да лежи во цефаласпидоморфите. Некои биолози не го користат повеќе името цефаласпидоморфи, бидејќи врските меѓу коскоштитните и безштитните се нејасни, а тука се замешуваат и афинитетите на змиулките. Други ја ограничуваат употребата на името на групите кои се многу појасно поврзани со коскоштитните, како што се Galeaspida и Pituriaspida, кои беа непознати во 1920-те.

Змиулки

уреди

Многу автори сè уште ги сметаат цефаласпидоморфите како линеовска класа чии единствени живи претставници се змиулките.

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  • Жанвиер, Филип. Early Vertebrates Oxford, New York: Oxford University Press, 1998. ISBN 0-19-854047-7
  • Стенсјо, E. A. (1927). The Devonian and Downtonian vertebrates of Spitsbergen. 1. Family Cephalaspidae. Skrifter om Svalbard og Ishavet, 12, 1-391.