Вилични ’рбетници

инфраколено животни
(Пренасочено од Вилични ‘рбетници)
Вилични ’рбетници
Период: доцен ордовик - денес
Gnathostomata ги вклучува ‘рбетниците со вилица
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Chordata
Потколено: Vertebrata
Инфраколено: Gnathostomata
Подгрупи

Placodermi
Chondrichthyes
Acanthodii
Actinopterygii
Sarcopterygii

Виличните ’рбетници (на лат. Gnathostomata) сочинуваат голема група на ‘рбетници. Името на оваа група доаѓа од грчките зборови γνάθος (гнатос) што значи вилица и στόμα (стома) што значи уста.

Оваа група традиционално се смета за наткласа, разделена на две подгрупи: ‘рскавични риби и сите останати членови, како што се познатите класи на коскени риби, птици, цицачи, влекачи и водоземци. Таа е сестринска група на безвиличните ‘рбетници - Agnatha.

Скорешните генетски истражувања ја ревидираат систематиката на Gnathostomata како група.

Новите фосилни наоди укажуваат на тоа дека телодонтите (Thelodonti) се најблиските сродници на Gnathostomata.[1]

Се смета дека вилиците еволуирале од предните потпорни жабрени коскени лакови, кои преземале нова улога. Со отворањето и затворањето на усната празнина се испумпува водата кон жабрите - механизам на букална пумпа. Со ова, устата можела да стане поголема и поширока, овозможувајќи да се фати поголем плен. На овој начин, отворачкиот и затворачкиот механизам би станал посилен и поцврст, со што се изменил во вистински вилици.

Наместо заби, оклопните риби користеле остри коскени плочки, а поновите истражувања укажуваат на тоа дека вилиците кај оклопните риби еволуирале независно од тие на останатите вилични ‘рбетници.[2]

Други препознавачки одлики на денешните вилични ‘рбетници се миелинските обвивки на невроните. Исто така, присуството на стекнат имун систем кој користи V(D)J рекомбинација за да создаде препознавачки места за антигени.[3]

Виличните ‘рбетници најпрво се појавиле во Ордовик и станале чести во девонот.

Систематика и филогенија

уреди
Поттип Vertebrata
├─(нерангиран таксон) Gnathostomatomorpha
└─Инфратип Gnathostomata
      ├─Класа Placodermiизумрена (наоружани или оклопни вилични ‘рбетници)
      └Микротип Eugnathostomata (вистински вилични ‘рбетници)
         ├─Класа Chondrichthyes (`рскавични риби)
         └─(нерангиран таксон) Целоусни (Acanthodii & Osteichthyes)
             ├─Класа Acanthodiiизумрени ("бодликави ајкули")
             └Наткласа Osteichthyes (коскени риби)
                ├─Класа Actinopterygii (зракоперки)
                └─Класа Sarcopterygii (резноперки)
                     └Наткласа Tetrapoda
                         ├─Класа Amphibia (водоземци)
                         └(нерангиран таксон) Amniota (со амниотско јајце)
                             ├─Класа Sauropsida (влекачи или сауропсиди)
                             │  └─Класа Aves (птици)
                             └─Класа Synapsida
                                 └─Класа Mammalia (цицачи)
 
Забелешка: линиите ги прикажуваат еволутивните врски.

Наводи

уреди
  1. Mark V. H. Wilson & Michael W. Caldwell (1993-02-04). „New Silurian and Devonian fork-tailed 'thelodonts' are jawless vertebrates with stomachs and deep bodies“. Nature (journal). Посетено на 2007-08-22.
  2. Susan Turner and Randall F. Miller (2005). „New Ideas About Old Sharks“. American Scientist. doi:10.1511/2005.3.244. Архивирано од изворникот на 2009-02-14. Посетено на 2007-08-22.
  3. Cooper MD, Alder MN (2006). „The evolution of adaptive immune systems“. Cell. 124 (4): 815–22. doi:10.1016/j.cell.2006.02.001. PMID 16497590.

Надворешни врски

уреди