Чекан и длето
Чекан и длето ― симбол на рударството, често користен во хералдиката. Може да означува рударство, рудници (особено на карти или во картографијата) или рудари, а исто така е користен како фигура во грбовите на рударските градови.
Симболот ги претставува традиционалните алатки на рударот, чекан и длето на рачка, слично на казма, но со еден тап крај. Тие се прикажани на начинот на кој еден деснак работник би ги положил: длетото со точката десно и рачката доле лево, чеканот со рачката доле десно и главата горе лево. Рачката на длетото излегува над главата, бидејќи главата не е трајно укрутена, но може да биде заменета со ново изострена глава кога е тапа од употреба. Во грбовите, симболот често е прикажуван во црно (грбовите на Јохангеоргештат, Хевелс), но и во природни бои (Телнице) или во златна или сребрена боја (Абертами, Боденвер, Гелзенкирхен).
Примери
уреди-
Грб на Швјентохловице, Полска
-
Знаме на Карловарски Крај, Чешка
-
Поранешно лого на Геолошкиот завод на Соединетите Држави
-
Чекан и длето на поранешната управна зграда на Bavarian Lignite Industry AG во Вакерсдорф, Германија
Друго
уредиЧеканот и длетата се користени за означување на работниот ден, на работниот распоред. Како емоџи, често е користен како симбол за навивачите на премиерлигашот Вест Хем Јунајтед и за навивачите на украинскиот премиерлигаш Шахтјор Доњецк.
Уникод
уредиВо Уникод, симболот „чекан и длето“ е U+2692 ⚒.