Емоџи
Емоџи (од јапонски: 絵文字, преку англиски: emoji, ед. емоџи) се идеограми и смешковци кои се користат во електронски пораки и на мрежни места.[1] Примери за емоџи се 😃 (радост), 😭 (тага) и 😈 (ѓавол). Тие постојат во различни жанрови, на пр.: изрази на лице, често користени предмети, места, климатски појави и животни. Слични се на емотиконките, но емоџите се слики, додека емотиконките типографски претстави. Поимот емоџи во најстрога смисла на зборот означува слики кои може да се претстават со кодирани симболи, но понекогаш се проширува да ги опфати и налепниците од пораки.[2] Првично поимот емоџи означувал пиктограф и потекнува од јапонските зборови e (絵, "слика") + moji (文字, "симбол"). Неговата сличност со зборовите емоција или емотиконка е целосно случајна.[3]
Првите емоџи биле користени на јапонски мобилни телефони во 1997 година, а оваа појава станала светски позната во 2010-тите кога била додадена на неколку мобилни оперативни системи.[4][5] Сега тие се сметаат за голем дел од западната популарна култура.[6] Во 2015 година, Оксфордските речници го прогласија емоџито „Лице со солзи радосници“ (😂) за Збор на годината.[7]
Наводи
уреди- ↑ „EMOJI | meaning in the Cambridge English Dictionary“. dictionary.cambridge.org (англиски). Посетено на 2020-07-17.
- ↑ „Don't know the difference between emoji and emoticons? Let me explain“. the Guardian (англиски). 2015-02-06. Посетено на 2020-07-17.
- ↑ „New word notes: December 2013“. Oxford English Dictionary (англиски). 2013-12-12. Посетено на 2020-07-17.
- ↑ Blagdon, Jeff (2013-03-04). „How emoji conquered the world“. The Verge (англиски). Посетено на 2020-07-17.
- ↑ „Smile, You're Speaking Emoji: The Rapid Evolution of a Wordless Tongue“. Intelligencer (англиски). 2014-11-17. Посетено на 2020-07-17.
- ↑ „How Emojis took center stage in American pop culture“. NBC News (англиски). Посетено на 2020-07-17.
- ↑ „Oxford Dictionaries 2015 word of the year is an emoji“. PBS NewsHour (англиски). 2015-11-17. Посетено на 2020-07-17.