Казма
Казма[1][2] или кирка[3][4] — рачна алатка во облик на Т што се користи за копање и како лост. Главата, делот што се користи за копање, е типично метална, прикачена нормално на подолга рачка, традиционално направена од дрво, понекогаш од метал и сè повеќе од фиберглас.
Казма на земја | |
Други називи | Кирка |
---|---|
Класификација | Алатка за копање |
Видови | Рударска казма |
Сродно | Мотика |
Стандардна казма, има зашилен крај на едната страна од главата и широко рамно сечило „секира“ на другата страна. Главата е постепено закривена од едниот до другиот крај. Казмата доста често се изработува со две шила, едното малку подолго од другото.
Зашилениот крај се користи и за кршење и како лост, рамното сечило се користи како мотика, за гребење на слоеви и за пробивање низ корените.
Развиени како земјоделски алатки во праисторијата, овие алатки еволуирале во други алатки како што се плугот и копачот. Тие исто така се користеле во градежништвото и рударството и биле прилагодувани за војување.
Историја
уредиВо праисторијата, голем еленски рог од соодветен вид (на пр. црвен елен) често се сечел до неговата основа и се користел како казма со еден крак,[5] а со него понекогаш се користела и плешка на големо животно како примитивна лопата. За време на војна во средновековни времиња, казмата се користела како оружје.
Наводи
уреди- ↑ „казма“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „казма“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „кирка“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „кирка“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „Deer-antler pick, used in flint mining from Grimes Graves“. ingenious.org.uk. Посетено на 6 July 2012.