Чедомир Саздовски

кинезиолог и политичар

Чедомир Саздовски (Неокази, Пробиштипско, 27 декември 1952) ― македонски политичар[1] и доктор по кинезиологија, каратист со највисок дан во каратето со неколку златни медаљи и меѓународни признанија.

Чедомир Саздовски
Роден(а)27 декември 1952(1952-12-27)(71 г.)
Неокази, НР Македонија, ФНРЈ
Занимањекинезиолог и политичар

Животопис

уреди

Саздовски е роден на 27 декември 1952 во пробиштипското село Неокази. Завршил факултет за физичка култура во Белград во 1978 година. Специјализирал на Факултетот за физичка култура во Скопје во 2000 година. На истиот факултет магистрирал и докторирал. Од 1986 година е вработен на Факултетот за физичка култура – Скопје во Центарот за физичко образование и тој е Директор на Центарот за физичко образование и спорт.

Бил член на СДСМ, но на локалните избори во 2013 година му се приклучил на Стевчо Јакимовски. Поранешниот близок соработник на првиот човек на ГРОМ Стевчо Јакимовски, по нередите во Собранието на 27 април, кога се случило насилството врз пратениците го известил претседателот на Собранието Талат Џафери дека ќе работи како независен пратеник.[2] Во мандатот од 2016 година, тој бил заменик претседател на комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, член во комисијата за одбрана и безбедност, член во комисијата за образование, наука и спорт, заменик-член во комисијата за локална самоуправа и делегацијата на Собранието на Македонија во Парламентарното собрание на Медитеранот (ПС на Медитеранот), претседател во пратеничката група на Собранието на Македонија за соработка со Парламентот на Ирска, член на пратеничката група на Собранието на Македонија за соработка со Парламентите на Република Исланд и Кралството Норвешка, член на пратеничката група на Собранието на Македонија за соработка со Парламентот на Големото Војводство Луксембург и пратеничката група на Собранието на Македонија за соработка со Парламентот на Република Полска. Саздовски во март 2018 година повторно се вратил во СДСМ и станал член на Централниот одбор на таа партија.[3] Има објавено повеќе стручни и научни трудови и 2 книги.

Наводи

уреди