Чад Хејга

американски велосипедист

Чад Хејга (италијански: Chad Haga; 26 август 1988) — американски професионален друмски велосипедист, кој вози за професионална екипа Хјуман Пауеред Хелт.[2]

Чад Хејга
Лични податоци
Цело имеЧад Хејга
ПрекарХагасаки[1]
Роден26 август 1988(1988-08-26)(36 г.)
Мекини, Тексас,  САД
Висина1,91 м
Маса71,5 кг
Податоци за клубот
Мом. клубХјуман Пауеред Хелт
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за хронометри
Аматерски клубови
2006–2010
2009–2011
2010
2011
Тексас А&М Универзитет
Тим Брејн енд Спајн Сајклинг
Супер Сквадра
Рио Гранде Сајклинг
Професионални клубови
2011–2013

2014-2021
2022-
Кели Бенефит Стратеџис–ОптумХелт
Џајант-Шимано
Хјуман Пауеред Хелт
Значајни победи
Големи трки
Џиро д’Италија
1 поединечна етапа (2019)
Последна промена
8 ноември 2022

Кариера

уреди

Се родил во Мекини, Тексас[3] и го посетувал Универзитетот Тексас А&М, каде дипломирал како машински инженер во 2010 година.[3] За време на студирањето возел за универзитетскиот велосипедски тим и како аматер со Тим Брејн енд Спајн Сајклинг и Тим Сквадра. По дипломирањето се приклучил на екипата Рио Гранде Сајклинг. Започнал професионално да вози во 2011 година, откако се приклучил на Кели Бенефит Стратеџис–ОптумХелт,[4] пред да се приклучи на Џајант-Шимано во 2014 година.[5]

На 23 јануари 2016 година, бил еден од шестемина од Џајант-Алпецин кои биле удрени од автомобил додека тренирале во Шпанија. Сите возачи биле во стабилна состојба.[6]

Хејга ја започнал сезоната со трката Тур Даун Андер. Во јули 2018 година бил вклучен во почетниот состав за Тур де Франс 2018.[7] Го освоил хронометарот на завршната етапа на Џиро д’Италија 2019, негова прва победа на некоја голема трка.

По осум сезони со Предлошка:Cycling data DSM men и неговите претходници, Хејга повторно станал дел од неговата прва професионална екипа, преименувана како Хјуман Пауеред Хелт, за сезоната 2022.[8][9]

Достигнувања

уреди
2011
1. Пролог Класик Маунт Худ
3. Краен пласман Трка Елк Гроув
2012
1. Пролог Велосипедски класик Каскад
4. Класик Коперас Ков
2013
1.   Краен пласман Етапна трка Џо Мартин
1. Пролог Трка Елк Гроув
2. Краен пласман Волта ао Алентежо
2. Краен пласман Велосипедски класик Редлендс
1. Етапа 1
3. Национален календар САД
3. Краен пласман Тихоокеански класик Меклејн
3. Краен пласман Велосипедски класик Каскад
5. Национално хронометарско првенство
10. Краен пласман Трка околу Калифорнија
2017
1. Маунт Еванс
2018
2.   Светско првенство во екипен хронометар
2. Национално хронометарско првенство
2019
1. Етапа 21 (ITT) Џиро д’Италија
2020
5. Краен пласман Велосипедска трка Чешка
6. Краен пласман Околу Словачка
2021
2. Национално хронометарско првенство

Распоред на резултатите на големите трки

уреди
Голема трка 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021
  Џиро 99 78 82 71 105 69
  Тур 72 134
  Вуелта 73 76 98 113

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи

уреди
  1. „Interviews - PezCycling News“.
  2. „HUMAN POWERED HEALTH“. UCI. Посетено на 4 February 2022.
  3. 3,0 3,1 „Optum's Chad Haga aims for top time trialing spot in the U.S.“. 28 февруари 2013.
  4. „Haga postpones engineering career to pursue pro cycling dreams“.
  5. Rogers, Neal (February 7, 2016). „The aftermath: Giant's Chad Haga keeping spirits high after horrific collision“. CyclingTips. Архивирано од изворникот на 2022-11-08. Посетено на December 26, 2021.
  6. „John Degenkolb and Warren Barguil among six Giant-Alpecin cyclists hospitalised after being hit by a car“. Irish Independent. 23 јануари 2016.
  7. „2018: 105th Tour de France: Start List“. Pro Cycling Stats. Посетено на 5 јули 2017.
  8. Frattini, Kirsten (November 4, 2021). „Chad Haga returns to roots with Rally Cycling“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на December 26, 2021.
  9. Frattini, Kirsten (November 9, 2021). „Rally Cycling to become Human Powered Health“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на December 26, 2021.

Надворешни врски

уреди