Караташ

поранешно село во Валовишко, Егејска Македонија
(Пренасочено од Чавдар Махале)

Караташ (грчки: Μέταλλο, Метало; до 1927 г. Καρατάς, Каратас[1]) — поранешно село во Серско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Синтика на Серскиот округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено со Турци.

Караташ
Μέταλλο
Караташ is located in Грција
Караташ
Караташ
Местоположба во областа
Караташ во рамките на Синтика (општина)
Караташ
Местоположба на Караташ во Серскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 41°19.3′N 23°25.55′E / 41.3217° СГШ; 23.42583° ИГД / 41.3217; 23.42583
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаСинтика
Општ. единицаКрушево
Надм. вис.&10000000000000660000000660 м
Население
 • Вкупноиселено
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото се наоѓало на јужните падини на Сенгелска Планина, источно од Рупел и северозападно от Црвишта. Во XIX век Караташ било турско село во Демирхисарската каза, по кое е наречена областа на неколку турски села – Орта Маала на североисток, Омерли Маала на исток, Чавдар Маала, Алезли Маала, Ченге Маала и Бујук Маала.

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Караташ (Kara-tach) било село со 32 домаќинства сочинети од 80 муслимани, Омарли Маала (Omarli-mahla) — 16 домаќинства на 40 жители муслимани, Бујук (Bouyuk) — 22 домаќинства на 50 муслимани, Елес (Elèse) — 20 домаќинства на 48 муслимани, Ченга (Tchenga) — 18 домаќинства на 40 муслимани, Чавдарли (Tchavdarli) — 40 домаќинства на 100 муслимани и Арк (Ark) — 16 домаќинства на 40 муслимани.[2]

Во 1891 г. Георги Стрезов напишал:

Кара Таш се нарекуваат трите села – Кара Таш Маала, Бујук Маала и Умарли Маала, мошне блиски едно до друго. Сместени се во пазувите на Сенгелска Планина, 212часа на З од Валовишта. Мошне бедни; малку земјоделци; останатите се дрвари по Крушово и Демир Хисар. Населението се чисти Коњари. Во Кара Таш 25 куќи, во Бујук Маала 40, а во Умарли 9.[3]

Чавдарли се нарекуваат четирите маала во пазувите на Беш на С од Валовишта 3 часа. Слабо се занимаваат со земјоделство, најпретежно со сточарство. Одгледуваат многу пчели. 40 куќи турски.[4]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Кара Таш Махале имало 150 жители, Чавдар Махале — 130, Амерли Махале — 100, Алезли Махале — 80, Ченге Махале — 60 и Бејук Махале — 180, сите Турци.[5]

Во Грција

уреди

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година во него се попишани 78 жители, во 1920 г. воопшто не се спомнува, што значи дека се распаднало во Првата светска војна.[6] Селото е обновено во 1923 г. кога тука се доведени грчки колонисти. Во 1927 г. Караташ е преименуван во Металон.

На пописот од 1928 г. Караташ е претставен како дојденско село со 220 лица (72 семејства).[7]

Во 1940 г. селото имало 292 жители, но не е евидентирано во бугарската статистика за 1941 г. што значи дека населението избегало со надоаѓањето на бугарската окупациска војска.[6] Жителите се сместиле во побогатите села и во градовите, и никогаш не се вратиле во селото.

Наводи

уреди
  1. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  2. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 134–135. ISBN 954-8187-21-3.
  3. Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“ (PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Седма (XXXVI): 853.
  4. Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“ (PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Седма (XXXVI): 855.
  5. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 184. ISBN 954430424X.
  6. 6,0 6,1 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 197. ISBN 9989-9819-6-5.
  7. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012