Ветрен

село во Општина Делчево
(Пренасочено од Црквенец)

Ветрен — село во Општина Делчево, во областа Пијанец, во околината на градот Делчево. Северните маала на селото се сместени во истоименото село во Бугарија, со што тоа претставува единствено населено место кое е поделено меѓу двете земји.

Ветрен

Влез во маало на селото

Ветрен во рамките на Македонија
Ветрен
Местоположба на Ветрен во Македонија
Ветрен на карта

Карта

Координати 42°00′23″N 22°45′08″E / 42.00639° СГШ; 22.75222° ИГД / 42.00639; 22.75222
Регион  Источен
Општина  Делчево
Област Пијанец
Население 80 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2320
Повик. бр. 033
Шифра на КО 09002
Надм. вис. 910 м
Ветрен на општинската карта

Атарот на Ветрен во рамките на општината
Ветрен на Ризницата

Географија и местоположба

уреди

Ветрен се наоѓа во северниот дел на територијата на Општина Делчево и граница на неговиот атар делумно претставува државната граница со Бугарија. Селото е планинско и е сместено на надморска височина од 910 метри. Селскиот атар зафаќа површина од 14,8 км2.[2]

Историја

уреди

Во почетокот на XX век, Ветрен било село во Малешевската каза на Отоманското Царство.

Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[3]

Стопанство

уреди

Селото има мешовита земјоделска функција. Во неговиот атар, обработливото земјиште се простира на површина од 542,7 ха, шумите се на површина од 527,8 ха, додека на пасишта отпаѓаат 347,4 ха.[2]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948466—    
1953515+10.5%
1961464−9.9%
1971310−33.2%
1981248−20.0%
ГодинаНас.±%
1991170−31.5%
1994169−0.6%
2002114−32.5%
202180−29.8%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Ветрен живееле 96 жители, сите Македонци христијани.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото имало 104 жители Македонци.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци.[6]

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 114 жители, сите Македонци.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 80 жители, од кои 69 Македонци и 11 лица без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е прикажано вкупното население и етничка припадност во Ветрен:[9]

Година Македонци Срби Ост. б.п. Вкупно
1948 466
1953 514 1 0 515
1961 464 0 0 464
1971 309 1 0 310
1981 246 1 1 248
1991 169 1 0 170
1994 167 2 0 169
2002 114 0 0 114
2021 69 0 0 11 80

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години.

Самоуправа и политика

уреди

Селото влегува во составот на Општина Делчево од 1952 година.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од општината Киселица во склоп на Делчевската околија.

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачко место бр. 0594 според Државната изборна комисија.[10]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 94 гласачи.[11]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 86 гласачи.[12]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 52.
  3. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  4. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1900, стр. 229.
  5. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.140-141.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 10 јули 2018.
  8. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  9. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население во 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). Извор: ДЗС Архивирано на 3 февруари 2020 г..
  10. „Изборна единица 3 — Општина Делчево“ (PDF). Посетено на 10 јули 2018.
  11. „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2022-03-10. Посетено на 10 јули 2018.
  12. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски

уреди