Никола Дамјанов е зограф, претставник на Дебарската школа.

Никола Дамјанов
Роден(а)1810
Тресонче, Османлиско Царство (денес Македонија)
Починал(а)1866
Ораовец, Османлиско Царство (денес Македонија)

Биографија

уреди

Роден е во 1810 година во дебарското мијачко село Тресонче и потекнува од големиот зографски род Рензовци. Татко му Дамјан и дедо му Јанкула исто така биле зографи и градители. Работел заедно со браќата Георги, Андреја и Коста, поради што е тешко да се посочи нивната индивидуална работа. Никола и брат му Коста се автори на црквата „Свети Спас“ во Ораовец, завршена во 1839 година.