Црква „Св. Петка“ - Тухол

црква во Тухол, Костурско

Света Петка (грчки: Ἱερός Ναός Ἁγίας Παρασκευῆς) — црква кај селото Тухол, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Света Петка
Ἁγίας Παρασκευῆς
Карта
40°23′19.9″N 20°57′11.2″E / 40.388861° СГШ; 20.953111° ИГД / 40.388861; 20.953111
МестоТухол, Костурско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Завршена1913
Управа
Архијерејско намесништвоНестрамско
ЕпархијаКостурска

Местоположба

уреди

Црквата е сместена на јужниот крај на селото.[1]

Историја

уреди

Решението за изградба на нова црква е донесено веднаш штом Тухол потпаднал под грчка власт во 1913 г. Паричните средства ги обезбедиле иселеници во Америка од околните села Јановени, Слимница, Пилкати, Нестрам, Висанско. Храмот е изграден со трудот на селаните, а главен мајстор бил Хондро Настас од Котелци. Внатрешноста е дело на мајстори од јанинското село Лискач. Камбанаријата исто така е изградена со доброволни прилози.[1]

Во црковниот двор е подигната училишна заграда, каде учителствувал селскиот свештеник. Подоцна во 1919 г. на нејзино место е изградена камбанаријата.[1]

Како село под врховенството на Патријаршијата, во црквата се испраќани погрчени свештеници. Прв свештеник во селото бил Ризос Папаризос, син на Миц Дукас. Потоа неговото место го зел синот Атанасиос (Папатанасис), но тој се задржал во селото многу кратко. Во 1898 г. тој бил погубен од македонска чета заедно со селскиот епитроп. Долги години свештеник бил Теодорос Зјакас (Папатодорос). Потоа на службата бил попот Стерјос од с. Слатина, зет на Папатодорос. Учител во Тухол бил еден јановенец и Георгиос Маргаритис од Котелци, кои примале плата од самите селани. По смртта на поп Стерјос во 1926 г. селото добило државен учител.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 „Η εκκλησία“. Pefkos.gr. Посетено на 26 јануари 2021.