Црква „Св. Никола“ - Орашац
Свети Никола — главна селска црква во кумановското село Орашац, Македонија.[1]
Свети Никола
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Кумановско-осоговска |
Архијерејско намесништво | Кумановско-кратовско |
Парохија | Орашачка |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 42°03′35″N 21°48′39″E / 42.05972° СГШ; 21.81083° ИГД |
Место | Орашац |
Општина | Куманово |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Никола |
Завршено | XVI - XVII век |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | еднокорабна |
Местоположба
уредиОва е гробишен храм, сместен југоисточно од селото, во месноста Калиште. Црквата е скриена во подножјето на ридот. До нејзе води земјен пат од селото, кој е тешко возлив.
Историја
уредиСудејќи по градбата, црквата е доградена врз храм од XVI или XVII век,[2] веројатно на темели на постара црква.[3]
Архитектура
уредиВо архитектонски поглед, се работи за еднокорабна градба, делумно вкопана во североисточната страна и засводена со полукружен лак. Изградена е од кршен камен и има покрив со ќерамиди на две води.[2]
На јужната фасада има правоаголен отвор со железна решетка. На западната фасада е главниот влез, над кој е насликан Исус Христос, а помошниот влез е од југ, и над него има слепа лунета на која е претставен Свети Никола. Обата живописа се многу оштетени. И двата влеза се врамени во камен.[2]
Фрескоживопис
уредиЕдинствениот фрескопис во внатрешноста е во апсидата, каде место традиционалната слика на Пресвета Богородица има допојасна претстава на Христос Велик Архијереј со круна на главата — единствен пример во Кумановско.[2]
Во олтарот за света трпеза служи римска мермерна стела со натпис на која е напишано дека храмот е изграден врз постара античка црква.[2]
Иконостас
уредиЦрквата поседува висок дрвен иконостас, певница и владички престол од средината на XIX век.[2]
Иконостасот, певницата и владичкиот престол се од средината на XIX век.[2]
Галерија
уреди-
Селските гробишта
-
Споредниот влез
-
Припратата
-
Ниша над споредниот влез
-
Главниот влез
-
Припратата на западната страна
-
Ниша над главниот влез
-
Чешма во дворот на црквата
-
Помошниот објект
-
Поглед на црквата
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 „Црква Св. Никола - Орашац“. Visit Kumanovo. Посетено на 2 јануари 2018. Занемарен непознатиот параметар
|јазик=
(help) - ↑ Трифуноски, Јован (1974). Кумановска област. Скопје: САНУ. стр. 147.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Никола“ - Орашац на Ризницата ?