Црква „Св. Илија“ - Богомила

село во Богомила, Велешко

Св. Илијаправославна црква во велешкото село Богомила, Општина Чашка. Му припаѓа на Велешкото архијерејско намесништво во Повардарската епархија на МПЦ - ОА.

Свети Илија

Фреска на св. Илија во покровителската ниша од XVII век, пресликана во 1872 г.

македонска православна црква
Епархија Повардарска
Архијерејско намесништво Велешко
Парохија Богомилска
Местоположба

Карта

Координати 41°35′35″N 21°28′9″E / 41.59306° СГШ; 21.46917° ИГД / 41.59306; 21.46917
Место Богомила
Општина Чашка
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Илија
Архитектонски опис
Архит. тип еднокорабен

Архитектура

уреди

Црквата е сместена на западниот крај на селото. Според мештаните, ова е постариот од двата традиционални селски храма. Претставува мала еднокорабна црква со издолжена полукружна апсида на источната страна. Изградена е од кршен камен.[1] Покривот е на две води. Храмот се состои од два дела — сегашниот олтарен простор вкопан во земјата всушност претставува стара црква, а новиот дограден дле има улога на трпезарија.[2] Пред самата црква се чува оригинална долга камена чесна трпеза, доказ за големата старост на храмот.[2][3]

Живопис

уреди

Во покровителската ниша јужно од западниот влез во олтарот има допојасна претстава на Свети Илија во зелена наметка со одвиткат свиток со црковнословенски текст и гускино перо во рака. Над неговото лево рамо напишана годината 1872, но сината заднина и сигнатурата се пресликани и се наѕира дел од поедноставниот изорен шрифт. Според уметничките одлики, фреската е од XVII век, пресликана од неук зограф на крајот од XIX или почетокот на XX век. Постар живопис (веројатно не постар од оној од 1872 г.) е средишната претстава на Исус Христос на источната страна, дел од правите фигури на светци од првото подрачје и дел од пророците во медалјони во второто.[2]

Во црквата има икона на Свети Илија од 1939 г. (31 × 22 × 1,8) потпишана од славниот мајстор Димитар Андонов Папрадишки.[1] Во Долната црква на селото, наречена „Св. Атанасиј“, се чуваат царски двери и иконостасни икони од XVII век, меѓу кои има и покровителска икона на Вознесението Илиево, за која се мисли дека можеби е земена од иконостасот на црквата „Св. Илија“.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Николовски, Дарко (2013). „Резултати од валоризацијата на црквите во селата Богомила и Бистрица во областа Азот, Велешко“ (PDF). Патримониум. Скопје: КАЛАМУС. VI (11): 197.
  2. 2,0 2,1 2,2 Николовски, Дарко (2013). „Резултати од валоризацијата на црквите во селата Богомила и Бистрица во областа Азот, Велешко“ (PDF). Патримониум. Скопје: КАЛАМУС. VI (11): 198.
  3. Николовски, Дарко (2017). „Прилог кон проучувањата на поствизантиската уметност во Општина Чашка, Велешко“ (PDF). Патримониум. Скопје: КАЛАМУС. Χ (15): 279.

Надворешни врски

уреди