Чесна трпеза

обредна маса во православна црква

Чесна трпеза (грч. ή αγία τράπεζα, το θυσιαστήριον - трапез, свет престол, чесен престол, олтар, голем олтар) — во православната црква е средиштето и најважниот дел од олтарниот простор каде се принесува бескрвната жртва, односно се подготвува завршниот чин на евхаристијата. Го симболизира гробот и престолот Господов и на него се осветуваат даровите.[1]

Чесна трпеза во црквата Св. Лука во Јаловик
Подигнување на антиминс за време на канонот на евхаристија, над чесната трпеза

Најчесто се прави од мермер во облик на маса со централна нога и при осветувањето во неа се става честичка од мошти како заменски знак дека христијанскиот обред се врши (и понатаму) на гробот на маченикот. Во побогатите манастири (на пр. Хиландар) чесната трпеза служи и како складиште за голем број кивори со реликвии. Понекогаш се украсува со релјефи, но само од страните, бидејќи горната површина на масата мора да остане рамна.

Чесната трпеза има задолжителен инвентар што ја придружува: евангелието, престолниот крст, антиминс, рипиди, свеќници, крпа, кадилница и други садови и предмети без кои не може да се изврши литургијата. Над олтарот е поставен балдахин, односно цибориум (според православната традиција во живописот и иконописот, приказот на внатрешноста на храмот е во рамките на архитектонските кратенки, често само со цибориум над чесната трпеза).[2]

Наводи уреди

  1. „Појмовник“. Манастир и парохија Олофстрем. Архивирано од изворникот на 18. 11. 2016. Посетено на 17. 11. 2016. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)
  2. „Часна трпеза“. Прва српска фабрика среће. Архивирано од изворникот на 07. 01. 2017. Посетено на 17. 11. 2016. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)