Црква Св. Спас (Ново Село)
археолошко наоѓалиште во Македонија
„Црква Св. Спас“
| |
Местоположба | 41°44′6″N 22°10′55″E / 41.73500° СГШ; 22.18194° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Ново Село |
Општина | Штип |
Тип |
|
Период | среден век |
Портал „Археологија“ |
Црква Св. Спас — археолошко наоѓалиште во штипската населба Ново Село. Претставува средновековна црква со некропола. Се наоѓа на левата страна на реката Отиња, на падините на ридот Кумлак, на околу 100 м од последните куќи на Ново Село. Изградена е во 1369 година од војводата Димитар, а повторно живописана во 1601 година од зограф Јован. Околу неа има некропола, едни гробови ѕидани од камен, другите од монолитни камени плочи, со различна временска припадност.[1]
Поврзано
уреди- Калимерово — населба од доцноантичко време;
- Марков Камен — некропола од хеленистичко време;
- Орлов Дол — каптажа и водовод од римско време;
- Паскова Чешма — осамен наод од римско време;
- Ново Село;
- Список на археолошки наоѓалишта во Штипско;
- Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 439, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |